Дренак — село во Општина Крива Паланка, во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба Селото Дренак се наоѓа јужно од Крива Паланка, високо во Осоговските Планини. Атарот на селото зафаќа површина од 16,58 квадратни километри. На север се граничи со селата Конопница и Дурачка Река, на исток со селото Дурачка Река, на југ со Општина Кочани и на југозапад со Општина Кратово.

Историја Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дренак живееле 140 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренак имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 142 – 143.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото има 44 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 7 Македонци и 10 лица без податоци.

Родови

Дренак е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се

Беловодчани (17 к.) и Селиштани (25 к.) живеат во посебни маала, кои се викаат по истоимените родови. Они се староседелци. Присојарци (17 к.) живеат во свое мало, кое се вика по родот. Доселени се од селото Челопек кај Куманово.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Староседелци: Пашкуљинци (6 к.), Сејменци (1 к.), Денчинци (2 к.), Чобарци (1 к.), Поп-Димитријовци (2 к.), Костадиновци (2 к.), Врсковци (2 к.), Гаџорци (3 к.), Тупанџијци (3 к.), Остришковци (1 к.), Баба Анѓинци (8 к.), Шотќинци (3 к.), Постоловци (1 к.), Дудманчани или Рамунци (3 к.), Бузанци (4 к.), Илијовци (1 к.), Висовци (1 к.), Краљевци (1 к.), Клештини (1 к.), Аврашлијци (2 к.), Двојоглавци (1 к.), Лисица (2 к.), Брдарци (4 к.), Куртинци (3к.), Цапарејци (2 к.), Таверци (2 к.), Мутовчијци (1 к.), Каравиљци (2 к.), Тренчини (1 к.), Боа Галинци (2 к.), Гемасци (7 к.), Шурда (1 к.), Постоловци (1 к.) и Тотљаци (1 к.) Доселеници: Миленковци (2 к.) доселени се околу 1835 година од селото Отошница; Николинци (4 к.) доселени околу 1855 година од селото Гулинци.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кривопаланечки села Категорија:Села во Општина Крива Паланка