Сексуалност — појава кај човекот која претставува израз на сексуалните чувства.
Како таква, човечката секусалност е под влијание на хормоналните прометни во развојот на фетусот за време на бременост. Се смета дека начинот на сексуално изразување е генетска склоност, но и дека голема улога играат личните искуства во младоста.
Човечката сексуалност може да се разбере и како дел од социјалниот живот на луѓето, воден од имплицитни правила на однесување и статус кво. Во оваа смисла, сексуалноста може да влијае на општествените норми додека од друга страна општеството може да влијае на начинот на кој сексуалност се искажува. Со популаризацијата на мас медиумите, сексуалноста уште повеќе ги обликува средините во кои живееме, и таа доаѓа во често стереотипна форма, комерцијализирана во печатот, визуелните и звучните медиуми.
Човечката сексуалност се разликува од полов идентитет. Половиот идентитет е поширок збир на улоги од сексуалниот идентитет. Полот може да биде обликуван од општеството на кое еден поединец е изложен како дете, на пример, авторитативна личност (учителка, постар другар) или личност со блиски емотивни врски (мајка, татко) што на мало момче му дава играчка камион а на девојче кукла и дава совети или поставува услови за однесување како „право“ девојче или машко. Човечката физиологија и обликување на полот прават одредени форми на сексуално изразување можни, но не предвидува дека сексуалното однесување и во иднина ќе биде прифатено како соодветно за полот.
Човечкиот избор за формата на својот сексуален живот обично се прави во однос на моменталните културни, социјални и верски норми. На пример, некои поединци апстинираат од секс пред брак затоа што нивната религија им забранува. Во некои култури, прифатливо е за маж да има повеќе жени додека во други бигамија и полигамија се осудени и казниви со закон.
Теми за човечката сексуалност
Адолесценција Пубертет Сексуална ориентација Бисексуалност Хетеросексуалност Хомосексуалност Транссексуалност Асексуалност Педофилија Геронтофилија Некрофилија Зоофилија Сексуални чинови и навики Флерт Бакнеж Мастурбација Сексуален акт Орален секс Анален секс Групен секс Киберсекс Садомазохизам Егзибиционизам и Воајеризам Социо-културни аспекти Еротика Порнографија Проституција Секс во реклами Сексуален морал Сексуален сленг Стереотип Средства за потенција и ерекција Виагра Циалис Сексологија (наука за секс) Хомофобија Хетерофобија Хомосексуалност и психологија Еротицизам Фетишизам Сексуален речник Интерсексуалност LGBTQ Лезбијка Геј маж Бисексуална личност Queer Хетеросексуална личност Пол Род Родов идентитет Родово изразување Трансродни личности Транссексуални личности Транзиција Операција за менување на полот Пореметување на родовиот идентитет Трансфобија MTF FTM Транс Трансвестит Другополово облекување Drag Drag King Drag Queen Butch Интерполова личност Андрогена личност Сексуален криминал Силување Сексуално малтретирање Сексуално преносиви болести СИДА Генитален Херпес Сифилис Гонореја Полови органи Машки -- Пенис, Тестиси, Простата Женски -- Вулва, Вагина, Утерус, Јајници Машка репродуктивна физиологија: Сперматогенеза Ерекција Ејакулација Женска репродуктивна физиологија: Оогенеза Менструација Бременост Раѓање Лактација Генетска модификација и унакажување Кастрација Машко обрежување Женско обрежување Поврзани медицински полиња Андрологија Ендокринологија Гинекологија Урологија Поврзани предмети Абортус Убавина Контрацепција Феминизам Брак Љубов Психоанализа Безбеден секс Сексизам Сексуално образование
Надворешни врски (на англиски) Историја на сексуалност Адолесцентски водич за сексуалност Водич за сексуалност Женска сексуалност Сексуални аспекти на љубовта
Категорија:Секс