Беровка — македонско женско народно оро од Малешевијата, кое се игра во 2/4 ритам, со држење на рацете слободно спуштени надолу. Се игра полетно, со ситни брзи чекори на полустапалата и со доста потскокнувања и доскокнувања.

Литература Македонска енциклопедија (прва книга). „МАНУ“, Скопје, 2009 година. Македонски народни ора, Скопје, стр. 73, 1977 година.

Надворешни врски Беровка во изведба на Иван Терзиев на Јутјуб Нотен запис на беровка Беровка во изведба на Танец

Категорија:Македонски ора