Името „Југославија“ е мешовит збор составен од зборовите „југ“ и „славија“ што би значело земја на Словените. Според тоа преводот на „Југославија“ би бил „Јужна Славија“ или „земјата на Јужните Словени“. Зборот ги обединува шесте поврзани јужнословенски народи на Југославија, Бошњаци/Муслимани по националност, Македонци, Словенци, Срби, Хрвати и Црногорци. Сепак целосното официјално име на државата, варирало доста драстично од периодот 1943-1992.Benson, Leslie; Yugoslavia: a concise history; Palgrave Macmillan, 2001 ISBN 0-333-79241-6
Еволуција на името Првата Југославија, била формирана под името Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во јануари 1929 година, кралот Александар I, вовел диктатура во земјата и ја преименувал во Кралство Југославија, и со тоа за првпат го употребил овој термин, кој дотогаш неофицијално се употребувал. Откако окупацијата и ослободувањето на кралството во Втората светска војна, новата југословенска држава била прогласена в 1943 година и именувана како Демократска Федеративна Југославија (скратено ДФ Југославија или ДФЈ), со кое име го оставила прашањето за република или кралство отворено. Во 1946 година, се преименувала во Федеративна Народна Република Југославија (ФНР Југославија или ФНРЈ) Proclamation of Constitution of the Federative People’s Republic of Yugoslavia, 31. 1. 1946., а веќе во 1963 станала Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФР Југославија или СФРЈ). Најчесто кога се мисли на земјата се употребува последното официјално име (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) кое останало најголем период како официјално име на оваа земја. Од трите официјални југословенски јазици, српскохрватската и македонската варијанта за името на земјата била иста, додека словенечката се разликувала малку во спелувањето на зборот „Социјалистичка“:
српскохрватски и македонски јазик: латиница: Socijalistička Federativna Republika Jugoslavija кирилица: Социјалистичка Федеративна Република Југославија словенечки јазик: Socialistična federativna republika Jugoslavija
Поради големината на името често биле користени кратенки кои се однесувале на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, иако државата најпозната била само како „Југославија“. Најчестата и најупотребувана кратенка е „СФРЈ“, иако „СФР Југославија“ исто така било употребувано во официјална улога, посебно од страна на медиумите.
Наводи
Поврзано Југославија Кралство Југославија СФРЈ СРЈ Список на етимолошки толкувања на државите во светот
Категорија:Југославија Категорија:СФРЈ Категорија:Кралство Југославија Категорија:Имиња на држави