Моштица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Географија и местоположба Моштица се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 750-1.050 м. Селскиот атар зафаќа површина од 24,6 км2.

Маалата во селото се познати како: Павлиш Дол, Селиште, Влајковска Маала, Перчаучка Маала и Даловска Маала.

Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 1.278 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 570 ха, а на пасиштата 446 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Моштица живееле 420 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Моштица имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Моштица живеат 543 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 497 жители, од кои 457 Македонци и 40 лица без податоци.

Општествени установи Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Косевица.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 614 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 470 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|200п|Коритото на Селска Река Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичко време; Грамадје — населба, црква и некропола од доцноантичко време и среден век; Кладенци — населба од доцноантичко време; Павлин Дол — населба од доцноантичко време; Полицеј — населба од доцноантичко време; Равниште — тумул од железно време; Станков Дол — тумули од железно време.

Реки Селска Река; Влаина Река; Моштичка Река.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Македонска Каменица