Ѕвегор или Звегор — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Потекло на името
Потеклото на името на селото е од старословенското *звѧгоръ, кое произлегува од *звѧгъ во старословенското звѧгѫ или звѧшти, со значење проузведува звук или крешти, и додавката -ор како во гов-ор. Истозначни се руските зборови звягу̀̀ и звя̀гать, со значење „лае“ или „џавка“; украинското звя̀̀га, со значење „шум“; белоруското звя̀̀га, со значење „побојник“; како и литванските зборови žvèngti или žvèngiu, со значење „цивка“, „се кикои“, и žvàngeti, со значење „ѕвони“, „бучи“. Од исто потекло се и зборовите ѕвек и ѕвон.
Географија и местоположба
Ѕвегор се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, на западното подножје на планината Влаина, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 680 метри. Неговиот атар се простира на површина од 20,3 км2. Од Делчево е оддалечено 3,5 км.
Историја Селото се споменува во 1347 година под името „Звегорштица“.
Во почетокот на XX век, Ѕвегор било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во 1944 година, за ослободување на Царево Село, во близина на селото се одржала голема битка, при што учествувале и доброволци од Горноџумајско. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.036,3 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 623,4 ха, а на пасишта 222,9 ха.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѕвегор живееле 355 жители, од кои 335 Македонци муслимани и 20 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228. По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 616 жители, сите Македонци, од кои 563 муслимани и 53 православни, при што православното население се доселило од планинските села на Осогово за време на Првата балканска војна.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци и 150 Турци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 904 жители, од кои 899 Македонци и 5 Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 685 жители, од кои 604 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 20 останати и 59 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ѕвегор:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС .
Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 1.158 1953 356 0 937 1 1 6 — 1.301 1961 717 0 50 0 3 5 — 775 1971 820 0 12 0 1 4 — 837 1981 899 0 0 0 3 5 — 907 1991 941 0 0 0 2 1 — 944 1994 948 0 0 0 1 0 — 949 2002 899 0 5 0 0 0 — 904 2002 604 1 0 0 1 20 59 685
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.
Општествени установи
Основно училиште „Ванчо Прке“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево.
Во селото има продавници и угостителски објекти.
Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0587 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 825 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 809 гласачи.
Редовни настани Селото е познато по празнувањето на христијанските празници Илинден и Василица.
Ѕвегорска Сурова
Еден од најстарите народни обичаи во пијанечкиот крај е обичајот со маски, познат под името „Сурова“.
Културни и природни знаменитости
мини|десно|300п|Црквата „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта Амам — могила од римско време Големо Градиште — градиште од доцноантичко време Илина Црква — старохристијанска црква Мало Градиште — градиште од доцноантичко време Петрова Могила — населба од римско време
Манастири Ѕвегорски манастир — понов манастир, сместен над селото
Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — главна селска црква Црква „Св. Илија“ — главна црква на Ѕвегорскиот манастир
Џамии Џамија — остатоци од минарето на поранешната џамија
Реки Ѕвегор — притока на реката Брегалница
Природна реткост Илин Камен — камен за кој се верува дека има исцелителна моќ
Личности
Родени во Ѕвегор Иванка Арсова — учесник во НОВ на Македонија. Методи Златков — македонски изработувач на народни инструменти
Починати во Ѕвегор Георги Грнчаров (1922-1944) — партизан Асен Дерменџиев-Јули (1923-1944) — партизан
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево Категорија:Македонско-бугарски гранични премини