thumb|right|350px|Карта на Централна Африка. мини|десно|350px|Карта на Централна Африка според ООН. Централна Африка е средиштен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда, Централноафриканската Република и Чад.

Средна Африка (како географски подрегион на ООН) е сличен географски поим кој ги опфаќа Ангола, Габон, Екваторска Гвинеја, Камерун, ДР Конго, Република Конго, Саун Томе и Принсип, Централноафриканската Република и Чад. Сите држави во оваа област на ООН, заедно со другите што обично се сметаат за дел од централна Африка (вкупно 11), ја сочинуваат Економската заедница на централноафриканските држави (ECCAS).

Централна Африка ги опфаќа териториите што, главно, му припаѓаат на сливот на реката Конго. Таа опфаќа дел од внатрешниот слив на езерото Чад и непосредниот слив на Атлантскиот Океан. Се простира во екваторскиот појас, така што се одликува со типична екваторска клима, со високи температури (25°С) и голема влажност. Има густа речна мрежа и разновиден растителен свет, главно претставен со непрегледни прашуми и савани, и разновиден животински свет - слонови, мајмуни, птици, влекачи и инсекти.

Стопанство Главни стопански гранки се земјоделството, шумарството и сточарството. Од земјоделските култури најразвиени се банани, какао, кафе, памук, пченка. Во шумите најзначајни се тиковото, каучуковото и абоносовото дрво. Од сточарството најразвиено е говедарството. Во Централна Африка постојат разни рудни богатства. Најзастапени се: железо, калај, уран, кобалт и дијаманти. Од индустриските гранки најразвиени се прехранбената, дрвната, текстилната и металната индустрија. Густата и полноводната мрежа на реката Конго со притоките е голем енергетски потенцијал и основа за сообраќајната комуникација во Централна Африка.

Демографија Во централна Африка главно живеат народите од групата Банту. Најзастапени се банту-јазиците, а во некои подрачја се говорат и чадските и нилосахарските јазици. Предоминантна религија во централна Африка е христијанството, кое во некои места се одликува со примеси од народните верувања.

Земји

Земји во Средна Африка (подрегион на ООН) : Име Главен град Валута Држ. јазици Површина (км2) Население Луанда кванза португалски 1.246.700 15.941.000 Киншаса конгоански франк француски 2.344.858 71.712.867 Бразавил ЦА франк француски 342.000 4.012.809 Либрвил ЦА франк француски 267.668 1.384.000 Малабо ЦА франк шпански, француски 28.051 504.000 Јаунде ЦА франк француски, англиски 47.442 17.795.000 Саун Томе саотомска добра португалски 964 157.000 Банги ЦА франк санго, француски 622.984 4.216.666 Нџамена ЦА франк француски, арапски 1.284.000 10.146.000

Поврзано

Кралство Конго Луба (царство) Лунда (царство) Потсахарска Африка Централноафриканска Република

Наводи

Надворешни врски

Туристичка агенција за централна Африка Интерактивна карта на Африка - Армија на САД во Африка