Гран-при Квебек () — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Квебек, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 10 септември 2010 година, како последен настан во сезоната UCI ProTour 2010.
Со Гран-при Монтреал, која се одржува два дена подоцна, Гран-при Квебек е една од единствените две трки во Северна Америка во Светската турнеја на UCI. Само Сајмон Геранс и Мајкл Метјус постигнале двојна канадска победа, освојувајќи го Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал во иста година.
Движење
Гран-при Квебек не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга, туку кружна трка. Возачите возат 16 круга по 12,6 километри секој круг. Во текот на кругот, возачите треба да искачат четири ридови: Кот де ла Монтањ (375 м долг и просечна нагорнина од 10%), Кот де ла Потас (420 м долг и просечна нагорниа од 9%), Монте де ла Фабрик (190 м долг и просечна нагорнина од 7%) и Монте ду Форт (1000 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на Монте ду Форт.
Победници
Повеќекратни победници
Победи Возач Изданија 2 2012, 2014 2016, 2017 2018, 2019
Возачите со закосени букви се активни
Победи по држава
Победи Држава 4 2 1 , , ,
Надворешни врски
Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Канада Категорија:Спорт во Квебек Категорија:Светска турнеја на UCI