Хлодовик IV е крал на Франките од 691 до 695. Понекогаш се меша со Хлодовик III во генеалогиите кои ги земаат предвид само кралевите на Франките од Неустрија. Понекогаш и самите историчари намерно го именуваат како Хлодовик III, ако се земе тоа дека другиот Хлодовик бил таканаречен ’’лажен крал’’, односно измамник наместен на престолот од страна на мајордомот Еброин.
Роден околу 680, постар син и наследник на кралот Теодорих III, доаѓа на престолот на возраст од 11 години, и умира на 15. Бидејќи е малолетен во тек на целото негово владеење, мајордомот на палатата на Австразија, Пипин Хересталски, владее во негово име. Неговиот брат Хилдеберт го наследува после неговата смрт во 695.
Извори
- Поглавје 6 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :
Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Европски монарси од 7 век Категорија:Французи од 7 век