Атанас Јакимов Албански — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3

Животопис Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во Скопје. Влегува во ВМОРО, и од страна на Организацијата бил избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. По востанието, во 1904 година бил избран за секретар на четата на војводата Ванчо Србаков, а во 1907 година, бил секретар на четата на војводата Иван Аљабакот.

По Првата светска војна од 1928 до 1934 година бил назначен за полномошник на Централниот комитет на ВМРО во Петрич.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5. Починал во Софија, Бугарија, во 1943 година.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Дејци на Македонските братства