Павел Војчеховски (6 јуни 1989, Бидгошч) — полски атлетичар, кој настапува во дисциплината скок со стап.
Првиот голем успех го постигнал со победата на јуниорското светско првенство во родниот Бидгошч во 2008 година, на кое прескокнал 5.40 метри.
Сезоната 2011, ја започнал со освоеното четврто место на европското првенство во сала во Париз. Истата година, Војчеховски го постигнал најголемиот успех во досегашната кариера, освојувајќи го златниот медал на светското првенство во Тегу со прескокнати 5.90 метри.
На Светското првенство 2015, тој го освоил бронзениот медал со прескокнати 5.80 метри.
Лични рекорди ДисциплинаВремеМестоДатумСкок со стап (на отворено) 5,91 Шчеќин, Полска 15 август 2011Скок со стап (во сала) 5,86 Гент, Белгија 13 февруари 2011
Надворешни врски Павел Војчеховски, МАФ
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Полски атлетичари Категорија:Живи луѓе