Артур Зајс-Инкварт (; 22 јули 1892 — 16 октомври 1946) бил истакнати правник, а подоцна и нацистички службеник во Австрија пред нацистичката окупација од страна на Германија и на Третиот рајх во Полска и Холандија. На Нирнбершкиот процес, Зајс-Инкварт е проглашен виновен за злосторства против човештвото и подоцна бил погубен.

Животопис Рана младост Зајс-Инкварт е роден во Стонаров, мал град во Моравија, тогаш дел од Австроунгарија. На неговото раѓање, презимето му било Зајтих"Нирнберг:Срамота на судот", Јосеф Е. Персико. Пристaпено: 10 април 2010., по неговиот татко чех кој бил директор на училиште (мајка му била Германка). Во 1907 година неговото семејство се сели во Австрија и го менува презимето во Зајс-Инкварт. Студирал право на Виенскиот универзитет, и дипломирал во 1917 година. На почеткот на Првата светска војна, во август 1914 се пријавил во австроунгарската војска. Бил на фронтови во Русија, Романија и Италија. Повеќепати бил одликуван за храброст, а дипломирал додека се опоравувал од повредите. Во 1911 година, се запознал во Гертруд Машка и се оженил со неа во 1916 година. Имале три деца.

Политичка кариера По војната почнал да работи како адвокат, а во 1921 година отворил и своја пракса. За време на раните години од Првата Австриска Република бил близок со Патриотскиот фронт. Како успешен адвокат бил повикан во кабинетот на канцеларот Енгелберт Долфус на 12 март 1933 година. По Долфусовото убиство на 25 јули 1934 година станал државен советник додека пак канцелар бил Курт фон Шушинг. Во почетокот не бил член на Нацистичката партија, но бил наклонет на многу од ставовите и акциите од страна на партијата.Л. Л. Шнајдер, Енциклопедија на Третиот Рајх (1976), МекГрав-Хил, стр. 320 До 1938 година, Зајс-Инкварт се придружил на нацистите кога увидел какви би биле политичките струи во блиска иднина.

Поврзано Аншлус Курт фон Шушниг Нирнбершки процес

Надворешни врски

Биографија на Артур Зајс-Инкварта Инвидуални одговорности Артура на Зајс-Инкварт на Нирнбершкиот процес

Наводи

Категорија:Канцелари на Австрија Категорија:Германски националсоцијалисти Категорија:Гестапо Категорија:Германски политичари Категорија:Австриски политичари Категорија:Осудени за воени злосторства Категорија:Националсоцијалистички водачи