Кукуш (Кукс, Кукес, Кукеш; , Кукс) — град и седиште на истоимената општина и област, во северот на Албанија. Според пописот извршен во 2001 година, во Кукуш живееле 17.222 жители.
Градот се наоѓа во планинската област во северна Албанија, блиску до границата со Србија/Косово.
Градот е преместен во времето на изградбата на хидроелектраната и вештачкото езеро Фјерза на реката Дрим во 1976 година. Стариот град Кукуш тогаш бил потопен. Денешниот град, изграден во 1970-те, порано го имал и називот Нов Кукуш (албански: Kukësi i Ri).
Областа и градот имаат слаба патна поврзаност со остатокот од земјата. Населението е сиромашно, а криминалот претставува голем проблем.
Земајќи ја предвид географската местоположба на градот, во близина на етно-историскиот македонски регион Гора, како и доселувањата од горанските села во градот, се претпоставува дека во Кукуш живеат околу 2.000 Македонци од областа Гора.Центар за етнички истражувања (Qendra për Hulumtime Etnike)
Поврзано Љума
Наводи
Наводи
Надворешни врски
Општина Кукуш