Ибица (, Ибиса) или Ејвиса ) — шпански остров во Средоземното Море на источниот брег на Шпанија. Ибица е на 150 километри од градот Валенсија. Островот е трет по големина во Балеарските Острови. Нејзините најголеми населби се Ибица, Санта Еуларија дес Риу и Сент Антони де Портмањ. Неговата највисока точка, наречена Са Талаија е 475 метри надморска височина.
Ибица станала позната по својата поврзаност со ноќниот живот, електронската танцова музика која потекнува од островот и летната клупска сцена, кои привлекуваат голем број туристи. Неколку години пред 2010 година, владата на островот и Шпанското туристичко биро работеле на промоција на семејниот ориентиран туризам, при што полицијата ги затворила клубовите што свиреа музика во доцните ноќни часови, но до 2010 година оваа политика била укинетаIbiza renews its party spirit, Luke Bainbridge, June 27, 2010 (The Guardian), за да во 2015 година биде повторно продолжена.Inside the police crackdown on Ibizas endless party culture Michelle Lhooqe, November 13, 2015 (Vice TV website).
Ибица е вклучена во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО.
Потекло на поимот
Официјалното име на каталонски јазик на островот е Евиса. Нејзиното име на шпански е Ибица.
Феникиските колонисти го нарекле островот Ибосим или Ибошим. Подоцна бил познат како Ебусус од Римјаните, а кај Грците бил познат како PityoûssaiHenry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon.
Во XVIII и XIX век островот бил познат од Британците како Ивица.
Историја
Во 654 п.н.е., феникиските доселеници основале пристаниште на Ибица. Со падот на Феникија по асирските инвазии, Ибица била под контрола на Картагина, исто така поранешна феникиска колонија. Островот произведувал сол, риба и волна.
Светилиштето на божицата Танит било основано во пештерата Es Cuieram. Ибица претставувала главно трговско место долж средоземните патишта. Ибица започнала да воспоставува сопствени трговски станици по должината на блискиот остров Мајорка.
За време на Втората пунска војна, островот бил нападнат од двајцата браќа Сципиони во 217 п.н.е., но останала лојална на Картагина. Во времето кога Картагина паднала, Ибиса преговарала со Римјаните за поштедување да не биде уништена , судбина која ја доживеала Картагина. По овој период, Ибица станала дел од Римското Царство.
По падот на Западното Римско Царство и краткиот период на вандалско, а потоа и византиско владеење, островот бил освоен од страна на Маврите во 902 година.
Ибица заедно со островите Фурмантера и Менорка биле нападнати од норвешкиот крал Сигурд I во пролетта 1110 година на неговата крстоносна војна во Ерусалим. Царот претходно ги освоил градовите Синтра, Лисабон и Алкасер ду Сал и им ги предал на христијанските владетели, во обид да го ослабне муслиманскиот притисок на Пиринејскиот Полуостров. Кралот Сигурд продолжил кон Сицилија.
Островот бил освоен од арагонскиот цар Јаков I во 1235 година. Локалното муслиманско население било депортирано како што било случај со соседна Мајорка и на други места. Островот ја одржувал својата сопствена самоуправа во неколку форми до 1715 година, кога кралот Филип V ја укинал автономијата на локалната власт. Пристигнувањето на демократијата во доцните 1970-ти довело до Статутот на автономија на Балеарските Острови. Денес, островот е дел од Балеарската автономна заедница, заедно со Мајорка, Менорка и Фурмантера.
Географија
Ибица е карпест остров со површина од 572,56 квадратни километри, речиси шест пати помал од Мајорка, но повеќе од пет пати поголем од Миконос или 10 пати поголем од Менхетен во Њујорк.
Балеарскиот островски ланец вклучува над 50 острови, од кои многу се ненаселени. Највисоката точка на островот е Са Талаија, на 475 метри.
Општини Ибица е административно дел од автономната заедница на Балеарските Острови, чиј главен град е Палма де Мајорка, на островот Мајорка. Ибица се состои од 5 општини. Tие се:
Карта Општина Површина(км2) Население(2021)Каталонски Шпански 220п Сант Жозеп де са Талаја159.429.015Sant Josep de sa TalaiaSan José Сант Антони де Портмањ126,827.582Sant Antoni de PortmanySan Antonio Abad Сант Жуан де Лабриџа121,76.610Sant Joan de LabritjaSan Juan Bautista Санта Еуларија дес Риу153,640.413Santa Eulària des RiuSanta Eulalia del Río Ибица11,150.566EivissaIbiza Вкупно572,6154.186
Клима
Ибица има средоземна клима која се граничи со топла полупустинска клима. Просечната годишна температура е 18,3 °C (65 °F), која е топла и блага во текот на целата година. Ибица лежи на иста ширина како Атлантик Сити, но сепак е многу потопла за нејзината местоположба во Медитеранот. Климата на Ибица е обично топла, сончева и сува, со ниски варијации помеѓу високите и ниските степени. Часовите на сонце на Ибица се 2700-2800 годишно, додека годишниот дожд изнесува од 400 до 450 милиметри. Просечната висока температура е 22.2 °C, додека просечното ниско ниво е 14.3 °C. Зимите се малку дождливи и благи, од ноември до април. Летата се топли и многу суви, со неколку врнежни денови, често придружени со грмотевици. Во најстудениот месец, јануари, просечната висока температура е 15,7 °C, додека просечното ниско ниво е 8,1 °C. Во најтоплиот месец, август, просечната висока температура е 30,3 °C, додека нискиот е 22,2 °C. Екстремните температури се ретки. Просечната температура на морето во Ибица е 19,7 °C.
Климатски податоци за ИбицаМесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодинаПросечна морска температура (°C)14,714,314,516,319,122,525,126,225,222,719,616,619,7Средни дневни сончеви часови10,011,012,013,014,015,015,014,012,011,010,09,012,2Просечно 2356899864325.4Извор бр. 1: seatemperature.orgИзвор бр. 2: Weather Atlas
Население
Демографски, Ибица покажува многу чудна конфигурација, бидејќи пописните агенции се разминуваат за точните бројки. Според националниот попис од 2001 година, Ибица имала 88.076 жители (76.000 во 1991, 64.000 во 1981, 45.000 во 1971 и 38.000 во 1961 година). Сепак, со националниот попис во 2011 година, бројката се зголемила на 133.594, а до почетокот на 2017 година достигнала 143.856. Овој брз раст произлегува од амнестијата која вклучувала голем број нерегистрирани странски мигранти. Во однос на потеклото, околу 55% од жителите на островот се родени во Ибица, 35% се домашни мигранти од Шпанија (главно работни семејства од Андалусија, а остатокот од Каталонија, Валенсија и Кастиља), а останатите 10 до 15% се странски, двојни и мултинационални државјани на ЕУ и во странство. Во опаѓачки редослед, најчесто странските посетители се германски, британски, латински, француски, италијански и холандски жители.
Шпанскиот композитор и музички теоретичар Мигел Ројг-Франколи е роден во ИбицаEnciclopèdia d'Eivissa i Formentera. "Roig-Francoli Costa, Miguel Angel" , како и политичарот и поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија, Абел МатутесWho's Who at NATO. "Abel Matutes". Познати поранешни жители на Ибица се: англискиот панк музичар Џон Симон Ричи (Сид Вишос), комичниот глумец Тери-ТомасBounder! The Biography of Terry-Thomas by Graham McCann, serialised in The Times итн.
Наводи
Надворешни врски
Ибица на Википатување Месна управа на Ивица Туристички портал на Ибица Како Ибица се претвори во клупски рај — Радио МОФ
Категорија:Балеарски Острови Категорија:Светско наследство на Шпанија Категорија:Феникиски колонии