Азори или Азорски Острови (службено: Автономен регион Азори, португалски: Região Autónoma dos Açores) се португалски острови во северниот дел на Атлантски Океан, околу 1.500 км западно од брегот на Европа, односно, од копнениот дел на Португалија. Азорите се истовремено и автономна покраина на Португалија, а нејзин најголем град и центар, Понта Делгада, е и управно седиште на покраината. Како што Азорите имаат статус на автономна покраина, така директно се составен дел на Европската Унија како нејзин краен дел. Во оваа територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флориш и Корву, во средината се Грасиоза, Терсејра, Саун Жоржи, Пику и Фајал, додека Саун Мигел и Санта Марија се на исток. Азорите се создадени од вулканска активност што се случила пред илјадници години и се наоѓаат во средината на Атлантскиот Океан. На повеќето од плажите на островите песокот има потемна боја, токму поради вулканското потекло</ref>.
Историја мини|Стара мапа на Азорите|283x283пкс мини|Карта на Азорите|285x285пкс Азорите се познати од 14 век, како што може да се види во еден Каталонски атлас. Тие биле откриени во 1427 година од страна на Португалецот Хенрик Морепловецот, кој ги открил случајно враќајки се од Канарските Острови кон Португалија.
Мал број на наводни хипогеи, земјени структури врежани во карпите, биле идентификувани на островите Корву, Санта Марија и Терсејра од страна на португалскиот археолог Нуно Рибејро, кој шпекулира дека тие би можеле да датираат од пред 2000 години, алудирајќи на човечко присуство на островот уште пред Португалците. Ваквите структури се користеле на Азорите за складирање на житни култури, но тврдењата на Рибејро дека истите би можеле да бидат гробници,остануваат непотврдени. Недостасува детален преглед и датирање за да се потврди валидноста на овие шпекулации. Не е јасно дали овие структури се природни или вештачки и дали претстоеле при португалската колонизација на Азорите од 15 век. Цврстата потврда за човечко присуство во архипелагот пред Португалците сè уште не е објавена. мини|281x281пкс|Пристугнување на шпански трупи на островот Терсејра за време на кризата на португалската сукцесија од 1580 година (фреска на манастирот Св. Лоренс од Ескоријал).
Населување Населувањето на островите почнало во 1439 година. Тамошното население оттогаш до денес развило свој оригинален идентитет и културни каректеристики како комбинација на португалските културни каректеристики и примеси од имиграцијата на разни народи со нивните култури кои се населиле на островите во минатите векови. мини|Ангра ду Хероизмо, најстариот постојано населен град во архипелагот на Азорите и Светското наследство на УНЕСКО|281x281пкс
На Санта Марија немало крупни животни па затоа, по откривањето и пред населувањето на островот пуштиле овци како ресурс за храна на идните доселеници. Меѓутоа, населувањето не се случило веднаш. Кај Португалците немало голем интерес да се населат во изолиран архипелаг дотогаш непознат за цивилизацијата. Сепак, Гонсало Велхо Кабрал трпеливо ги собирал ресурсите за доселениците во следните три години (1433-1436) и отпловил да формира колонии отпрвин на Санта Марија, а потоа и на Саун Мигел.
Населениците ги расчистиле грмушките и карпите за да посадат житни култури, винови лози, шеќерна трска и други растенија погодни за локална употреба и со комерцијална вредност. Тие донеле домашни животни, како што се кокошки, зајаци, говеда, овци, кози и свињи, изградиле куќи и утврдиле села.
Архипелагот во голема мера се населил од копното на Португалија. Португалските доселеници дошле од провинциите Алгарве, Мињу, Алентежо и Рибатежу, како и од Мадејра. Саун Мигел првпат бил населил во 1449 година со доселеници главно од Естремадура, Алто Алентежо и Алгарве, на копното Португалија, под команда на Гонсало Велбо Кабрал. Првите доселеници биле португалски сефардски Евреи кои избегале од притисоците за инквизиција во Португалија. Во 1522, Вила Франка до Кампо, тогаш главен град на островот, бил уништен од земјотрес и лизгање на земјиштето при што загинале околу 5.000 луѓе, а главниот град бил преместен во Понта Делгада. Градот Вила Франка ду Кампу повторно бил изграден на првичното место и денес е просперитетно пристаниште за јахти. Понта Делгада го добила својот градски статус во 1546 година. Првите доселеници се занимавале со земјоделство и до 15 век островот Грасиоза извезувал пченица, јачмен, вино и ракија. Стоката била праќана во Терсејра во голема мера поради близината на островот.
Во XVIII и XIX век, на Грасиоза престојувале многу истакнати личности, меѓу кои и Шатобријан, францускиот писател кој поминал оттука додека бегал во Америка за време на Француската револуција, Алмејда Гарет, португалски поет и принцот Алберт од Монако, океанограф од 19 век, кој водел неколку експедиции во водите на Азорите. Тој пристигнал на својата јахта Хирондел, и ја посетил фурна да калдеира, познатата пештера на топли извори. Во 1869 година, авторот Марк Твен ја објавил книгата "Невини во странство" (англиски: The Innocents Abroad), во која го опишал времето поминато на Азорите.
Островот Саун Жоржи за првпат се спомнува во 1439 година, но вистинскиот датум на неговото откривање е непознат. Во 1443 островот веќе бил населен, но активното населување започнало само со доаѓањето на фламанскиот благородник Вилхелм ван дер Хеген. До 1490 година, на островите Терсејра, Пику, Фајал, Саун Жоржи и Флориш живееле 2.000 Фламанци. Бидејќи имало толку голема фламанска населба, Азорите станале познати и како Фламански Острови или Острови на Фландрија.
Во 1583 година, Филип II од Шпанија, ја испратил својата флота на Азорите. По успехот на неговата флота во Битката кај Понта Делгада, Шпанија ги држела Азорите под „заробеништво“ од 1580-1642 година. После војната со Шпанија за повраток на независноста, Португалија си го вратила архипелагот. Во доцниот 16 век, Азорите и Мадејра почнале да се соочуваат со пренаселеност. Заради економски причини, некои луѓе почнале да емигрираат во Бразил.
Во 1836, архипелагот бил поделен на три административни окрузи:
Ангра округот ги вклучувал островите Тецеира, Сао Хорхе и Грасиоза. Главниот град Ангра до Хероизмо бил на островот Терсејра. Хорта округот ги опфаќал островите Пику, Фајал, Флориш и Корву. Главниот град Хорта бил на островот Фајал. Понта Делгада округот ги вклучувал островите Саун Мигел и Санта Марија. Главниот град Понта Делгада бил на островот Саун Мигел.
Во 1868 година, Португалија почнала да ги печати Азорите на поштенски марки. Помеѓу 1892 и 1906 година, биле печатени посебни поштенски марки за употреба во трите административни области.
Во 1944 година, САД изградила мала и краткотрајна воздухопловна база на островот Санта Марија. Во 1945 година, на островот Терсејра била изградена нова база, Лажис Филд. Оваа воздушна база е во областа наречена Лажис и е заеднички американско-португалски потфат. Лажис Филд продолжува да ги поддржува американските и португалските вооружени сили. За време на Студената војна, американските морнарички борбени единици П-3 Орион патролирале во Северниот Атлантски Океан заради подморниците на советската морнарица и површинските воени бродови.
Во 1976 година Азорите станале автономен регион а поранешните три окрузи (Ангра, Хорта, Понта Делгада) биле укинати во 1978 година.
На 16 март 2003 година, на „Азорскиот Самит“ се сретнале на американскиот претседател Џорџ Буш, британскиот премиер Тони Блер, шпанскиот премиер Хосе Марија Азнар и португалскиот премиер Жозе Мануел Баросо, на разговори за иднината интервенција во Ирак.
Географија
+Површина на островите на архипелаготОстровПовршинакм2sq miСаун Мигел 293Пику 172Терсејра 156Саун Жоржи 95Фајал 67Флориш 55Санта Марија 37Грасиоза 24Корву 7 Архипелагот се наоѓа на приближно истата ширина како Лисабон (од 39 ° 43 'до 39 ° 55' северна географска ширина). Има многу влажна океанска клима со релативно мали годишни варијации. Вулканското потекло на сите острови, кое се должи на жешката точка на Азорите, се докажува преку постоењето на многубројни конуси на исфрлената згура и неколку стратовулкани со калдеири. На повеќето острови се јавува интензивна сеизмичка активност. Вулканот Понта ду Пику на островот Пику се издига на надморска височина од 2,351 метри со што претставува највисока точка Азорите и на Португалија.
Деветте острови се поделени во три природни географски групи:
Источната група ги сочинува островите Саун Мигел и Санта Марија, Централната група ги сочинува островите Фајал, Терсејра, Грасиоза, Саун Жоржи и Пику (со највисоката точка на Азорите и на Португалија која изнесува 2351 м.), Западната група ги сочинува островите Флориш и Корву. Површината на сите острови изнесува 2.355 км2. Нивната поединечна површина варира помеѓу 747 км2 на најголемиот (Саун Мигел) и 17 км2 на најмалиот (Корву). Азорите произлегле од она што се нарекува Азорско плато, регион од 5,8 милиони км2 кој е морфолошки нагласен со длабочина од 2.000 метри.Miranda, et al., 1998Machado, et al., 2008, p.14
Од геоструктурна перспектива, Азорите се наоѓаат над активната тројна спојка помеѓу трите големи тектонски плочи во светот (Северноамериканска Плоча, Евроазиска Плоча и Африканска Плоча), што придонесува за постоење на многу фрактури во регионот на Атлантикот.Lúis, 1994, p.439–440 Најзападните острови на архипелагот (Корву и Флориш) се наоѓаат на Северноамериканската Плоча, додека останатите острови се наоѓаат во рамките на границата помеѓу Евроазиската и Африканската Плоча.
Средноатлантскиот Гребен е главната граница меѓу американската тектонска плоча и африканско-евроазиските плочи што поминува кај Азорите помеѓу островите Флориш и Фајал од север кон југ, потоа кон југозапад. Истата е сеизмички активна и подложна на вулканска активност.
Вулканизмот на островот е поврзан со раседнувањето по должината на тројната спојка а ширењето на кората по постоечките фрактури предизвикува многу активни вулкански и сеизмички настаниFerreira, 2005, p.4.Ting Yang, et al., 2006, p.20 Поголемиот дел од вулканската активност е центрирана првенствено по должината на Терсејранскиот расед. Од почетокот на населбата на островот, околу 15 век, биле регистрирани 28 регистрирани вулкански ерупции (15 копнени и 13 подморски). Последната значајна вулканска ерупција, вулканот Капелињос (португалски: Vulcão dos Capelinhos) се случила на брегот на островот Фајал во 1957 година. Најновата вулканска активност се случила во подводните вулкани од брегот на Серета и во каналот Пику-Саун Жоржи.; Evidence for the submarine eruptions off the coasts of Velas, São Jorge Island and Cachorro, Santa Luzia, Pico Island included primarily from inferences and eyewitness testimonies about sulfuric gases and vapors released from the waters along the coast (15–24 February 1964 and 15 December 1963, respectively)мини|Планината Пику Островите на архипелагот биле формирани преку вулканска и сеизмичка активност во периодот на неогенот. Првите површини почнале да се појавуваат во водите на Санта Марија за време на миоценската епоха (пред околу 8 милиони години). Редоследот на формирањето на островите генерално се одликува според следново: Санта Марија (8,12 Ма), Саун Мигел (4,1 Ма), Терсејра (3,52 Ма), Грасиоза (2,5 Ма), Флориш (2,16 Ма), Фајал (0,7 Ма) Саун Жоржи (0,55 Ма), Корву (0,7 Ма) и најмладиот, Пику (0,27 Ма).Carine, 2010, p.78 Иако сите острови доживеале вулкански ерупции за време на нивната геолошка историја, во историјата на човечката населба, островите Санта Марија, Грасиоза, Флориш и Корву не доживеале никакви вулкански ерупции. Покрај активните фумароли и топли извори, останатите острови имале спорадични ерупции уште од 14 век. Освен вулканот Капелињос во 1957-58 година, последниот забележан пример на "островско формирање" се случил на брегот на Саун Мигел, кога островот Сабрина бил накратко формиран. мини|Ерупцијата Сабрина на Азорите во 1811 година