Западнохималајските јазици, или познати како алморски или канаурски јазици, се група на јазици кои се дел од тибетско-бурманските јазици. Јазиците се зборуваат во Индија, во Химчал Прадеш и покрај границата со Непал.

Јазици

Во оваа група спаѓаат следните јазици: патански јазик тинански јазик гариски јазик канашки јазик кинаурски јазик рангпоски јазик дармански јазик бјансиски јазик рангаски јазик (исчезнат во 20 век)

Џангџуншкиот јазик, кој е свет јазик за Бонската религија, се зборувал во Тибет, но истиот бил заменет со тибетскиот јазик. Во зависност од тоа што се смета за јазик, а што за дијалект, може да се добијат и повеќе јазици како на пример сунамскиот јазик.

Наводи George van Driem (2001) Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region. Brill.

Поврзано Тибетско-бурмански јазици Синотибетски јазици

Категорија:Тибетско-бурмански јазици