„Telephone“ — песна на американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP-албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б-пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Вдахната од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни битови. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони копии во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011.

Музичкото видео е продолжени на видеото за песната од 2009, „Paparazzi“ и е снимено како краток филм. Откако е извадена од затвор со помош на Бијонсе, Гага и Ноулс одат да ги убијат гостите кои доручуваат во ресторан. По бегањето од оброкот, двете пејачки се бркани од полицијата. Видеото наведува на Квентин Тарантино и неговите филмови Убиј го Бил (2003) и Евтини приказни (1994). Повеќето од критичарите го пофалиле видеото, но некои ги критикувале насилството и темите во него. Во сеќавање на Александер Меккуин, Гага извела акустична верзија на „Telephone“ помешана со „Dance in the Dark“ на Британските Музички Награди од 2010 година. Исто така била вклучена на сет-списокот на The Monster Ball Турнејата во 2010.

Заднина Лејди Гага оригинално ја напишала „Telephone“ со Родни Џеркинс за пејачката Бритни Спирс. Сепак, продукциската куќа на Спирс ја одбила и Гага ја снимила песната во соработка со Бијонсе Ноулс за The Fame Monster. Гага изјавила, „Ја напишав пред долго време и таа не ја искористи за нејзиниот албум. Тоа е добро бидејќи ја сакам песната и сега јас ќе ја изведувам.“ Дополнително, гостинскиот вокал на песната требало да биде Спирс, но Гага ја повикала Ноулс наместо неа. Главната инспирација зад песната е стравот на Гага од задушување бидејќи почувствувала дека ретко наоѓа време за забава. Подоцна разјаснила, Страв од задушување—значи дека јас се плашам дека никогаш нема да одделам време за сопствена забава, ... 'Бидејќи многу ја сакам својата работа, ретко наоѓам време да излезам надвор и да поминам добро време. ... Не одам во ноќни клубови, ... Не гледате слики од мене како паѓам пијана во клубови. Не одам—и кога обично одам, знаете, пијам само виски и половина и потоа мора да се вратам на работа. Во мај 2011, Гага кажала дека нејзината „емоционална поврзаност“ со песната е тешка. Кога ја прашале зошто била напишана оригинално за Бритни Спирс, таа одговорила: „Па, не се случи баш така, но не сакам да навлегувам во тоа. Можам да навлезам во тоа ако ги исклучте (предлозите од снимачот)... Но процесот на завршувањето на продукцијата беше многу стресен за мене. Затоа кога велам дека тоа е мојата најлоша песна, нема врска со песната туку со мојата поврзаност со неа.“

Композиција

„Telephone“ е напишана од Лејди Гага, Родни Џеркинс, Лашон Даниелс, Лазонет Френклин и Ноулс. Иако песната е конструирана во вид на дует, Ноулс се појавува во стиховите на средината. Таа го пее текстот во крато интервал и потоа го пее рефренот за време на остатокот на песната. Песната започнува со Гага која започнува да пее со свечен глас, придружена со мелодија од харфа, која потоа прераснува во удирачки ритам. Всушност, Гага е во клуб, а нејзиното момче продолжува да ѝ ѕвони, но не може да му одговори бидејќи е пијана и танцува на нејзината омилена песна. Рефренот го содржи текстот: „Престани да се јавуваш, престани да се јавуваш, не сакам да зборувам повеќе.“ „Telephone“ содржи издолжен завршен дел рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Според листот со музика објавен на Musicnotes.com преку Sony/ATV Music Publishing, песната е напишана во вообичаено време, со темпо од 122 удари во минута. Вокалите на Гага се движат од ниската нота F3 до високтата C5. Напишана е во Еф-мол скала и ја следи акордната прогресија Fm–A♭–B♭–Fm.

Текстот на „Telephone“ ја прикажува поголемата љубов кон танцувачкиот под отколку јавувањето на некој друг човек од другата страна на телефонот. Стиховите се испеани во брзо темпо, придружени со дуплирани битови. Според Гага, телефонот во песната не е физички телефон, туку е личност во нејзината глава која ѝ кажува дека треба да работи понапорно и понапорно. Гага објаснила, „Тоа е мојот страв—дека телефонот звони и мојата глава звони, ... Дали се работи за телефон или за мислите во мојата глава, тоа е друг страв.“

Критички прием thumb|Лејди Гага ја изведува „Telephone“ на The Monster Ball Tour Песната добила позитивни оценки од музичките критичари. Мајкл Хабард од MusicOMH рекол дека песната била „најверојатно најдоброто нешто тука [на The Fame Monster].“ Тој исто така го пофалил „брилијантниот завршен дел“ и крајот на песната во кој говорникот го добива поштенското сандаче. Popjustice ѝ дал позитивен преглед на песната: „Изгледа малкуа како песната на Гвен, 'What You Waiting For?' која ја сретнува песната на Тимбаланд, 'The Way I Are' и уште педесет други работи ... Структурата е забавна ... има нешто брилијантно во придонесите на Бијонсе во песната што прави сè да изгледа како да била испланирана.“ Еван Савди од PopMatters рекол дека „многу-зборуваната соработка на Бијонсе во 'Telephone', со забрзаниот ритам и гласните битови е една од најадреналинските песни кои Гага ги има направено, целата работа изгледа како курс на [sic] другите песни поради поделбата на двете диви, кои лесно ја направија [„Telephone“] една од најдобрите песни на The Fame Monster“.

Ејми Филипс од Pitchfork.com ја сместила „Telephone“ на 55 место на нејзиниот список на „Топ Песни од 2010“ велејќи дека изгледа како „најмалку чудната песна на The Fame Monster...“ Бил Лемб од About.com ја сместил меѓу најдобрите песни на албумот и рекол: „'Telephone', песната асистирана од Бијонсе е песна за во клуб и ќе го привлече вниманието на Р&Б и Хип Хоп обожавателите како и радиото.“ Во посебен преглед, тој ја споредил со ерата на песната „Just Dance“ и коментирал: „[Тоа е] Одделена песна поради многу причини. Според текстот е наследник на 'Just Dance'. Текстот ја прикажува Гага која зборува дека не сака да се јави на нејзиниот телефон во клубот. Имајќи песна како оваа во која изгледа дека 'Just Dance' ја пеела поранешна и различна Гага, изгледа малку чудно. Посебно кога е испланиран сингл ... Интересно е и за еднократна употреба но има и подобри песни на The Fame Monster кои можат да послужат за синглови“. Мајкл Вудс од Лос Анџелес Тајмс почувствувал дека „Telephone“ е „внимателна медитација на тоа колку е досадно кога некое момче постојано ви се јавува во клубот.“

Ники Ескеурдо од Phoenix New Times ја сместил „Telephone“ како песна која се издвојува од албумот. Сара Хајибагери од Тајмс и Армонд Вајт, музички и филмски критичар од New York Press, не биле импресионирани од песната. Хајибагери рекла „Гласот на Бијонсе помешан со рингтон од телефор прави изглед на хаос.“ Вајт разработил дека „[Песната] слави тврдоглаво одбивање за говорителот да не се јави; премногу поп култура во Тарантино стил.“ Мелани Бертолди од Билборд ѝ дала позитивен преглед на песната, изјавувајќи „Повеќе како 'Blah Blah Blah' од Кеша, 'Telephone' се поставува во тивки ритми, со кои Бијонсе е запознаена. ... Додека „Telephone“ се бранува низ ѕид од телефонски ѕвонења за да се врати на едноставната интродукција, Гага и Бијонсе им имаат оставено само една опција на слушачите: да му се предадат на танцувачкиот под.“ „Telephone“ била рангирана на третото место на списокот на Топ 25 Синглови од 2010 од страна на Роб Шефилд од Роулинг Стоун. Синглот добил Греми-номинација за Најдобра Поп Соработка со Вокали во 2011. На 26 април 2011, Гери Траст од Билборд ја вклучил „Telephone“ на четвртата позиција на неговиот список на 10 Женски Хит Соработки.

Успех на табелите Во ноември 2009 поради силните дигитални продажби, песната се искачила на табелите во Ирска, Австралија и Велика Британија на дваесет и шесто, дваесет и деветто и триесетто место последователно. Песната станала највисокото деби влегување на табелата Билборд Хот 100 во САД на 12 декември 2009, на триесет и петтото место поради силни дигитални продажби на песната. По неколку неделно менување на позициите на табелите, „Telephone“ се искачила на третото место што станало и највисоката позиција на песната, а воедно и шестиот последователен топ десет хит на Гага во САД. Песната го зазела првото место на табелата за Хот Денс Клуб Песни на 27 февруари 2010. На 15 март 2010, Билборд изјавил дека песната го достигнала врвот на табелата за Поп Песни, станувајќи шестиот последователен број-еден сингл на Гага на таа табела, со што таа станала единствениот артист кој го постигнал тоа. Станала и шеста број-еден песна на Ноулс на табелата за Поп Песни. Со ова, тие се изедначиле со Мараја Кери со најмногу број-еден синглови од Nielsen BDS-заснованата табела, Топ 40 ерплеј во 1992. Песната продала 2.810 милиони платени диигитални примероци во САД според Nielsen Soundscan.

Во Австралија, највисоката позиција на песната била три. „Telephone“ добил трипати платинска сертификација од Австралиската музичка индустрска асоцијација (ARIA) со 210,000 продадени копии од синглот. Во Нов Зеланд, песната за првпат се искачила на триесет и првото место, станувајчи најголемото деби искачување на табелата во таа недела. На 5 април 2010, највисоката позиција на песната била три. „Telephone“ за првпат влегла на четиринаесеттото место на табелата за Канадски Хот 100 синглови и се поместила на највисока позиција на трето место, со што станала шестиот последователен топ три сингл на Гага на таа табела. Песната добила трипати платина од Канадската музичка индустриска асоцијација (CRIA) со 120,000 дигитални спуштања.

Во Британија, „Telephone“ се искачила на дванаесеттото место на табелата за Британски Синглови, на 15 март 2010. Следната недела „Telephone“ се искачил на врвот на табелата, станувајќи нејзиниот четврт број-еден британски сингл. Во Ирска, песната за првпат се појавила на табелата на дваесет и шестото место и се поместила на второто пред да го достигне врвот на табелата следната недела. „Telephone“ за првпат се појавила на шведските тавбели, и во топ-десет на унгарските табели. Според Интернационалната Федерација на Фонографската Индустрија, песната продала 7.4 милиони копии низ светот во 2010.

Музичко видео Развој Муџичкото видео било снимено на 28 јануари 2010, од режисерот Џонас Акерлунд. Њујорк магазинот изјавил дека концептот на видеото ќе се заснова на ситуација во која Бијонсе Ноулс ќе ја вади Гага од затвор. Неколку слики биле објавени и ги прикажувале Ноулс и Гага во кола наречена „Пуси Вагон“, истата кола која Ума Турман ја возела во филмот на Квентин Тарантино од 2003, Убиј го Бил. Другите концепти на видеото покажуваат сцени на ручек, каемо на пејачот Тајрес Гибсон и сцена во затвор. Гага и Ноулс носеле „растурени парчиња“ од дизајнерите Франк Фернандес и Оскар Олима. Во интервју со E! Online, Гага го објаснила значењето на видеото.