Стипцарник — археолошко наоѓалиште во крушевското село Острилци. Претставува доцноантичка населба, некропола, рудник и топилница. Се наоѓа на 2 км југоисточно од селото, каде на простор од 300 × 300 м се гледаат остатоци од објекти и топилници. Во наоѓалиштето се среќава множество згура од топено железо, а најдени се и повеќе бронзени чанковидни монети. Биле откриени и гробови градени од камени плочи со керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9

Поврзано Јовкова Колиба — некропола од средниот век; Старо Село — населба од доцноантичко време; Селиште — населба од доцноантичко време; Острилци; Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;

Наводи

Категорија:Острилци Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на рудник Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на топилница