Геровата куќа е куќа-музеј во бугарскиот град Копривштица.
Во оваа куќа учителот Геро Мушек создава ќелијно училиште. Во 1823 година е роден неговиот син Најден Геров, виден бугарски преродбеник, автор на првата бугарска поема „Стојан и Рада“ и на многутомниот „Речник на блъгарский язик“.
Геровата куќа е опишана во творбата на Љубен Каравелов — „Бугари од старо време“, каде Геро Мушек е прототип на Хаџи Генчо.
Надворешни врски Туризам во Копривштица (буг.)
Категорија:Копривштица