РК „Металург Скопје“ — македонски ракометен клуб од Скопје. Покрај во ВИП Супер лигата, клубот настапува и во СЕХА лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. Сопственик на РК „Металург“ е Минчо Јорданов.
Историја Клубот е создаден во 1971 година, под покровителство на Скопската железарница. Првичната идеја била да се создаде ракометен клуб од самите вработени во фабриката. Така, идејата била прифатена и така бил основан РК „Металург“. Првиот натпревар, клубот го одиграл против РК "Пирин" и издвојувал победа од 22:14. Во 1974 година била формирана јуниорската екипа на „Металург“, под водство на Крешимир Пустина. Првото европско деби на „Металург“ било во 1993 година, кога настапил во Купот на градовите на ЕХФ, а противник му бил белгискиот "Херстел".
Кризата од 2014-2015 година На почетокот од сезоната 2014-2015 во РК „Металург“ отворено избувнала кризата која подолго време тлеела во клубот. Притоа, како последица на несредените односи во клубот и финансиските проблеми, по средбата со „ПСЖ Хандбал“ во Лигата на шампионите, клубот го напуштил голманот Дарко Станиќ, потоа Павел Атман одбил да игра во второто коло против „Мешков Брест“, а Ренато Вугринец, поради наводна повреда, не настапил на трите први натпревари од Лигата на шампионите.„Лино Червар: Судиите не беа во форма во Загреб“, Дневник, година XVIII, број 5590, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 22-23.
Како потврда на нарушените внатрешни односи во клубот, на почетокот на ноември 2014 година, ракометарите на „Металург“ издале соопштението во кое го обвиниле тренерот Червар за омаловажување на играчите и за преземање нерационални потези. Притоа, ракометарите негирале дека причина за нивното незадоволство се неисплатените плати во текот на неколку месеци.„Главниот виновник за кризата во Автокоманда е Червар!“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 23. Набрзо, во врска со кризата на „Металург“ се јавила и Ракометната федерација на Македонија, предупредувајќи на можноста не само клубот, туку и целиот македонски ракомет да се соочи со драстични казни, во случај „Металург“ да продолжи да не нестапува во натамошните натпревари на СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.„Неиграњето на Метаулрг може да нè избрише од европката карта“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 26. Во меѓувреме, додека траело недоразбирањето меѓу играчите и раководството, клубот го напуштил голманот Мирослав Коциќ, кој се вратил во Србија.„Коциќ замина и нема намера да се врати во Автокоманда“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 26.
На 7 ноември 2014 година, раководството на „Металург“ по пошта испратило одлука за суспензија на 20 ракометари, кои се потпишале на соопштението за јавноста. Одлуката му била предадена на Наумче Мојсовски за време на самостојниот тренинг на играчите на кејот на Вардар. Притоа, во соопштение за медиумите, сопственикот на клубот, Минчо Јорданов, најавил дека клубот ќе продолжи со настапите во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.„Металург испрати одлука за суспензија на ракометарите“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 23. Во меѓувреме, Металург започнал со пополнување на тимот, а како прво засилување бил регрутиран поранешниот репрезентативен голман Перо Мисовски.„Голманот Мисовски новак во Автокоманда“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 23. Истовремено, поради неизвесноста поврзана со натамошните настапи на „Металург“ во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ) му дала рок на клубот да се изјасни дали ќе продолжи да се натпреварува во Лигата и со кој тим ќе патува на натпреварот против „Ла Риоха“, закажан за 16 ноември 2014 година.„ЕХФ побара Металург да одговори дали и со кој тим ќе гостува во Шпанија“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 22-23. Постепено, страстите во клубот се смириле и во клубот завладеало примирје, а ракометарите повторно почнале да тренираат. Сепак, како последица на кризата, „Металург“ го напуштиле речиси сите странски ракометари: Станиќ, Липовина, Коциќ, Марсениќ, Циндриќ, Атман и Борозан.„Червар: Прво да видиме дали ќе отпатуваме во Шпанија“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
Сепак, по завршувањето на Светското првенство во Катар, во февруари 2015 година веќе било сосема јасно дека големите финансиски проблеми во клубот не може повеќе да се кријат. Клубот одржал конференција за новинарите на која неговиот претседател Левче Китевски јавно соопштил дека клубот е пред пропаст и дека го напуштиле речиси сите ракометари: Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Никола Марковски, Дејан Манасков и Ренато Вугринец. Притоа, раководството на клубот одлучил привремено да го повлече дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски. Во продолжението на сезоната, „Металург“ продолжил да игра со резервниот состав, претежно составен од младите играчи.„Беспарицата го кутна Металург, играчите масовно си заминуваат“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 22-23.„Катар ги мами Мојсовски и Вугринец“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.„Во Металург повеќе нема никој да го носи дресот на Миркуловски“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.
Домашни натпревари РК „Металург“ освоил неколку шампионски титули во македонската ракометна супер лига, и тоа во сезоните: 2005/2006, 2007/2008, 2009/2010, 2010/2011, 2011/2012, 2013/2014. Притоа, во периодот 2010-2012, клубот успеал трипати по ред да ја овои шампионската титула. Во сезоната 2014-2015, „Металург“ го освоил второто место во првенството, со освоени 18 бодови во разигрувањето (шест победи и три порази) и со гол разлика од 227:196.
Исто така, во неколку наврати, клубот го освоил купот на Македонија, и тоа во: 2006, 2009, 2010, 2011, и 2013 година. Во сезоната 2014-2015, „Металург“ играл во финалето на Купот на Македонија (одиграно на 16 мај 2015), каде загубил од „Вардар“ со 22:26 (11:13).„Вардар победнички и рекордерски: Освоен 10 Куп трофеј“ (пристапено на 19.5.2015)
Меѓународни натпревари РК "Металург" остварил значајни успеси и на меѓународната сцена. Така, во сезоната 2008/2009, РК "Металург" играл во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите.
Регионална СЕХА лига Во сезоната 2011/2012, РК „Металург“ бил вицешампион во регионалната СЕХА лига. Во следната сезона, клубот не бил толку успешен и завршил на шестото место, со освоени 28 бодови од 18 натпревари (8 победи, 4 нерешени средби и 6 порази).
Во сезоната 2014/2015, „Металург“ играл во променлива форма во СЕХА лигата. Притоа, на почетокот на ноември, поради внатрешните недоразбирања меѓу ракометарите, тренерот Червар и управата на клубот, „Металург“ не отпатувал во Загреб, каде требало да игра против истоимениот шампион на Хрватска. Поради овој инцидент, „Металург“ службено го загубил натпреварот, а бил казнет со парична казна од 2.000 евра и со еден негативен бод.„Службените бодови за Загреб, Металург казнет со минус еден“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25. На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.„Збогум за Вугринец, младите стапија на сцена во Металург“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.
Лига на шампиони Најголемиот успех на меѓународната сцена на РК „Металург“ се двата пласмана во четвртфиналето на Лигата на Шампионите, и тоа: во сезоните 2012/2013 и 2013/2014. Сезона 2013/2014 Особено забележителни биле натпреварите на РК „Металург“ одиграни во сезоната 2013/2014. Притоа, во квалификацискиот натпревар, РК „Металург“ играл со унгарскиот „ПИК Сегед“. На првата средба, одиграна на 28 август 2013, РК „Металург“ победил со 26:16 (13:11), додека кога на гостувањето во Сегед, на 1 септември 2013, РК "Металург" загубил со 19:23 (7:11).
На тој начин, клубот е пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите и играл во групата Ц. Таму, на одиграните 10 натпревари, клубот освоил 12 бодови, со што го освоил третото место. Притоа, во Скопје, РК „Металург“ успеал да ги победи познатите „РК Барселона“ (31:29) и „ПСЖ Хандбал“ (28:26).
Подоцна, на првиот натрпевар од осминафиналето, одигран во Скопје на 23 март 2014, РК „Металург“ го победил данскиот клуб „КИФ Колдинг“ со 23:17 (14:9), а успехот го потврдил и на гостувањето, на 30 март 2014, победувајќи со 30:26 (15:13). Во четврфиналето, РК „Металург“ се сретнал со актуелниот шампион, германскиот „Кил“. На првиот натрпевар, одигран во Скопје на 19 април 2014, РК „Металург“ бил убедливо поразен со 21:31 (9:14), на возвратниот натпревар, одигран во Кил на 27 април 2014, повторно изгубил убедливо, со резултат 26:34 (11:19). Сепак, на крајот, РК „Металург“ го освоил шестото мсто во Лигата на шампионите, постигнувајќи го својот најголем меѓународен успех.„Бројките на Колдинг го куражат Металург“, Дневник, година XVIII, број 5427, петок, 28 март 2014, стр. 29. Сезона 2014/2015 Во сезоната 2014/2015, РК „Металург“ играл во квалификациската група „А“. Во првиот натпревар од групната фаза, одигран во Скопје, на 28 септември 2014 година, РК „Металург“ бил поразен од „ПСЖ Хандбал“ со 22:27 (11:11). Во второто коло, на гостувањето против „Мешков Брест“, РК „Металург“ повторно претрпел пораз, овојпат со 24:28 (10:12).Vesti.mk, „Металург поразен и од Мешков Брест“ (пристапено на 10.10.2014) Неуспесите на „Металург“ продолжиле и во третото коло, каде на гостувањето против Загреб бил поразен со 17:19 (8:10). Притоа, слабите резултати на почетокот на сезоната биле последица на несредените односи во клубот и финансиските проблеми, поради кои, по средбата со „ПСЖ Хандбал“ клубот го напуштил голманот Дарко Станиќ, Павел Атман одбил да игра во второто коло против „Мешков Брест“, а Ренато Вугринец, поради наводна повреда, не настапил на трите први натпревари од Лигата на шампионите. Лошата серија на клубот продолжила и во четвртото коло, одиграно на 19 октомври 2014 година, кога на домашен терен, РК „Металург“ бил убедливо поразен од „Кил“ со 27:42 (15:22). Најефикасен играч во тимот на „Металург“ биле Ванчо Димовски со шест гола и Ренато Вугринец со пет гола.„Се растура системот на Металург“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22-23.