thumb|right|150px|Сампрас во 2008 година. Петрос „Пит“ Сампрас (на англиски: Petros Pete Sampras, , Вашингтон) е бивши професионален американски тенисер со грчко-еврејско потекло. Во текот на неговата 15 годишна кариера освоил 14 Гренд Слем турнири од 52 обида (две на Отвореното тениско првенство на Австралија, седум на Вимблдон и пет на Отвореното тениско првенство на САД). Сампрас на АТП листата бил светски број 1 тенисер скоро шест години или вкупно 286 недели, што е рекорд во машка сингл конкуренција.

Сампрас на Вимблонд освоил седум титули (рекорд на сите времиња кој го дели со Вилијам Реншав) и 5 титули на Отвореното тениско првенство на САД (рекорд кој го дели со Џими Конорс и Роџер Федерер). Бад Колинс го прогласил за еден од петте најдобри тенисери на сите времиња, а тенискиот магазин „Tennis Magazine“ го именувал за најдобар тенисер од 1965 до 2005 година. На 17 јули 2007 Сампрас бил вклуен во „Меѓународната тениска сала на славните“.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски тенисери Категорија:Православни христијани од САД Категорија:Американски Евреи