Богородичина Краста — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува тврдина од доцноантичко време. Се наоѓа на висок рид меѓу селата Свињиште и Брждани и има добра прегледност над коритото на Бржданска Река и патот Кичево-Битола. На врвот има рамно плато, издолжено во правец исток-запад, кое на јужниот крај е карпесто и стрмно. Со исклучок на карпестиот дел, рабовите на висорамнинката ги следат остатоци од бедем широк од 1 до 1,5 метар што наместа се наѕира. Целото плато е речиси прекопано од селаните, од потрагите по драгоцености и градежен камен. Така, во западниот крај се гледаат темели од објект со повеќе простории од кои една има димензии од 5 × 5 м, а приближно на средината темели (широки 0,70 м) од објект со габарит од 8 × 8 м, организиран во две еднакви простории, ѕидан од кршен камен и варов малтер. Во шутот покрај ѕидовите има и парчиња од градежни тули широки 15 и дебели 2 см. Според сеќавањата на месен жител, во 1932 и 1933 година учениците од селото заедно со својот учител работеле на раскопувањето на темелите при што ваделе и парчиња малтер со траги од живопис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Водици — средновековна црква и некропола; Селиште — доцноантичка населба со топилница и некропола; Водици — доцниантичка населба; Брждани; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Брждани