„Best Thing I Never Had“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот четврт студиски албум, 4 (2011). Била издадена на 1 јуни 2011, преку Columbia Records како вториот сингл од албумот. „Best Thing I Never Had“ е напишана од Патрик „Ј. Ке“ Смит и ко-напишана од Кенет „Бејбифејс“ Едмондс, Symbolyc One, Калеб Меккембел, Атонио Диксон, Ноулс и Ши Тејлор.Р&Б-поп баладата, „Best Thing I Never Had“ содржи текст кој зборува за освета и карма. Не чекајќи да остане со скршено срце, женскиот протагонист ја прикажува својата нова среќа, која ја има добиено откако раскинала со нејзиниот бивш љубовник кој не го познавал чувството на среќа со неа.
Критичките одговори на „Best Thing I Never Had“ биле генерално позитивни, а неколку музички критичари ја споредиле песната со претходниот сингл на Ноулс од 2006 година, „Irreplaceable“. Тие исто така ги пофалиле и вокалите на Ноулс како и текстот на песната. „Best Thing I Never Had“ се има искачено на неколку светски табели. Музичкото видео режирано од Дајан Мартел било премиерно покажано на 7 јуни 2011 година. Во него е прикажана Ноулс на свадбена церемонија.
Позадина и снимање „Best Thing I Never Had“ е напишана од Ноулс и Кенет „Бејбифејс“ Едмондс и Патрик „Ј. Ке“ Смит, а продуцирана од Symbolyc One. Слушачка приватна забава за четвртиот студиски албум на Ноулс била одржана на 12 мај 2011. Ноулс им понудила на присутните преглед на пет песни од новиот албум како и официјалното музичко видео за „Run the World (Girls)“. На забавата, „Best Thing I Never Had“ била една од петте песни кои им биле прикажани на избраната група обожаватели. На 1 мај 2011, песна наречена „End of Time“ протекла на интернет како демо додека целосното демо на песната, со Ноулс која му се исповеда на нејзиниот љубовник, протекло на 20 мај 2011, со тагот „само за користење на интернет“. Неколку мрежни места, вклучувајќи ја и MTV News почнале да известуваат потенцијален следбеник на водечкиот сингл, „Run the World“. Сепак, тие шпекулации биле засенети со издавањето на промоционалниот сингл, „1+1“ на 25 мај 2011. Во почетокот на јуни 2011, Columbia Records изјавила дека „1+1“ нема да биде испратен до радијата, а „Best Thing I Never Had“ служел како вториот сингл од 4, следејќи го „Run the World“.
Настапи во живо Ноулс за првпат ја извела „Best Thing I Never Had“ во живо на концерт во Палаис Никаија во Ница, Франција на 20 јуни 2011. Таа исто така ја извела песната на Гластонбери Фестивалот од 2011 година на 26 јуни. На 28 јуни 2011, Ноулс ја извела „Best Thing I Never Had“ на финалето на X Factor во Франција.
Формати и списоци на песни Дигитално спуштање „Best Thing I Never Had“ – 4:12
Германски ЦД сингл „Best Thing I Never Had“ – 4:13 „Run the World (Girls)“ (Клуб Ремикс на Kaskade) – 5:03
Кредити и личности Кредитите се земени од долните забелешки на албумот 4.
Вал Бетвајт – миксер асистент Антонио Дискон – продуцент, текстописец Кенет „Бејбифејс“ Едмондс – продуцент, текстописец Глорија Каба – инженер асистент Бијонсе Ноулс – вокали, продуцент, текстописец Калеб Меккемпбел – продуцент, текстописец Тони Мазерати – миксер
Серге Нудел – инженер асистент Symbolyc One – продуцент, текстописец Роб Сучески – гитара Патрик „Ј. Ке“ Смит – текстописец Ши Тејлор – продуцент, текстописец Пит Волфорд – инженер асистент Џордан „Диџеј Свивел“ Јанг – снимач
Историја на издавање ДржаваДатумФорматАвстралија 1 јуни 2011 Дигитално спуштањеКанадаНов ЗеландСАДАвстрија9 јули 2011БелгијаБразилДанскаФинскаФранцијаГерманијаИрскаИталијаХоландијаНорвешкаПортугалијаШпанијаШведскаШвајцаријаГерманија8 јули 2011 ЦД сингл
Наводи
Надворешни врски Официјално музичко видео на Јутуб Официјална страница
Категорија:Песни од Бијонсе Ноулс Категорија:Песни од 2011 Категорија:Балади од 2010-ти Категорија:Ритам и блуз балади Категорија:Соул балади