Филозофија на умот или филозофија на духот — гранка на филозофијата која ја проучува природата на умот, умствените активности, умствените функции, умствените особини, свеста и нивната поврзаност со физичкото тело, особено со мозокот. Проблемот ум-тело т.е. поврзаноста на умот со телото се смета за централен проблем во филозофијата на умот, иако постојат и други проблеми кои ја засегаат природата на умот и не ја вклучуваат неговата поврзаност со физичкото тело.
Дуализмот и монизмот се двa големи правци на верување кои се обидуваат да го решат проблемот ум-тело. Дуализмот може да се забележи уште кај Платон, Аристотел и санкја и јога школите на хиндуистичката филозофија, но најпрецизно е формулиран од страна на Рене Декарт во XVII век. Суштинските дуалисти расправаат дека умот е независна постоечка супстанција, додека, пак, особинските дуалисти го поткрепуваат мислењето дека умот е збир на независни особини кои произлегуваат од него и не можат да бидат сведени на мозокот, иако тој по себе не е различна супстанција.
Монизмот е верувањето дека умот и телото не се онтолошки различни нешта. Ова верување првпат се појавува во Западната филозофија од страна на Парменид во V век п.н.е., а подоцна беше поддржано од страна на рационалистот Барух Спиноза во XVII век. Физикалистите тврдат дека постојат само нештата кои се основани врз физикалната теорија и дека умот на крај е објаснет во смисла на овие нешта како што физикалната теорија продолжува да се развива. Идеалистите расправаат дека умот е сè што постои и дека надворешниот свет е исто така создаден умствено или илузорно од страна на умот. Неутралните монисти се придржуваат кон верувањето дека постои некаква друга неутрална супстанција и дека материјата и умот се сопственоста на оваа непозната супстанција. Најчестите монизми од ХХ и XXI век се варијации на физикализмот. Овие верувања ги вклучуваат бихевиоризмот, теоријата на различен идентитет, аномалниот монизам и функционализмот.
Најсовремените филозофи на умот ги присвојуваат и редуктивното и не-редуктивното физикално верување, тврдејќи на нивни различни начини дека умот не е нешто одвоено од телото. Овие пристапи имаат влијание во науката, особено во областа на социобиологијата, информатиката, еволутивната психологија и неколкуте невро-науки. Останатите филозофи, и покрај тоа, го присвојуваат не-физикалното верување според кое умот е чисто физичко создание. Редуктивните физикалисти докажуваат дека сите умствени состојби и особини на крај ќе бидат објаснети од страна на научни пресметки на психолошките процеси и состојби. Не-редуктивните физикалисти расправаат дека иако мозокот е сè што постои во умот, предикатите и речникот употребени во умствените описи и објаснувања се неопходни и не можат да бидат сведени на јазикот и на објаснувања на физикалната наука од пониско ниво. Постојаниот невронаучен напредок помогна за разјаснување на некои од овие проблеми. Покрај тоа, тие се далеку од тоа да бидат решени и модерните филозофи на умот продолжуваат да прашуваат како субјективните квалитети и намерата на умствените состојби и особини можат да бидат објаснети со природни термини.
Проблемот ум-тело Проблемот ум-тело се однесува на објаснување на поврзаноста која постои меѓу умовите или умствените процеси и состојбите и процесите на телото. Главната цел на филозофите кои работат на оваа област е да ја одредат природата на умот и умствените состојби и особини и како умовите се засегнати и можат да влијаат врз телото. Нашите перцептивни искуства зависат од стимулот кој пристигнува од надворешниот свет преку неколку наши чувствителни органи и овие стимулации предизвикуваат промени во нашите умствени состојби, на крај предизвикуваат да почувствуваме возбуда, која може да биде пријатна или непријатна. Нечија желба за парче пица, на пример, ќе има тенденција да предизвика таа личност да го движи неговото или нејзиното тело на специфичен начин и во специфична насока за да го добие тоа што тој/таа го сака. Прашањето, тогаш, е како е можно свесните искуства да произлегуваат од грутка сива маса обдарена со ништо друго освен со електро-хемиски својства.
Поврзан проблем е тоа како нечии исказни ставови (на пр. верувања и желби) предизвикуваат поединечните неврони да се запалат и неговите мускули да се контрахираат. Овие вклучуваат некои од загатките со кои биле соочени епистемологистите и филозофите на умот најрано од времето на Рене Декарт.
Дуалистички решенија на проблемот ум-тело Дуализмот е збир на гледишта кои се однесуваат на поврзаноста меѓу умот и материјата( или телото). Започнува со тврдењето дека умствените феномени, во некои аспекти, се нефизички. Една од најрано познатите формулации на дуализмот ум-тело беше изразена во источните школи на хиндуистичката филозофија санкја и јога (отприлика 650 години п.н.е.) кои го поделија светот на пуруша (ум/дух) и пракрити (материјална супстанција). Посебно, Јога сутра од Патанџали го претставува аналитичкиот пристап кон природата на умот.
Во Западната филозофија, најраните дискусии на дуалистичките идеи се наоѓаат во ракописите на Платон и Аристотел. Двајцата филозофи, од различни причини, се придржуваат кон човечката интелегенција (моќта на умот и душата) кој не може да се идентификува или да биде објаснета со неговото физичко тело. И покрај тоа, најпознатата верзија на дулизам е таа на Рене Декарт (1641 година) и се држи до тоа дека умот не е екстензивна и физичка супстанција, „res cogitans“. Декарт беше првиот кој јасно го идентификуваше умот со свеста и себе познавањето и кој го оддели ова од мозокот , кој е седиштето на интелегенцијата. Поради тоа, тој беше првиот кој го постави проблемот ум-тело во формата во која сè уште постои.
Аргументите на дуализмот Најчесто употребуваниот аргумент во полза на дуализмот е дека тоа се повикува на интуицијата за заедничката свест дека свесните искуства се разликуваат од неживата материја. Ако се праша што е умот, просечна личност обично би одговорила идентификувајќи го со себеси, нивната личност, нивната душа или некои слични битија. Тие скоро би негирале дека умот едноставно е мозокот или обратно, идејата дека постои само едно онтолошко битие кое ја има улогата да биде премногу механичко или едноставно неразбирливо. Многу модерни филозофи на умот мислат дека овие интуиции се погрешни и дека треба да ги употребиме нашите критички моќи, заедно со емпирискиот доказ од науките истражувајќи ги овие претпоставки за да се одреди дали постојат релни основи за нив.
Друг важен аргумент во полза на дуализмот е дека умственото и физичкото изгледа се многу различни, можеби и неспоиви својства. Умствените активности имаат субјективен квалитет за разлика од физичките активности. Значи, на пример, некој може да праша какво е чувството со изгорен прст, или како изгледа синото небо, или како звучи добра музика за некоја личност. Но, незначајно е или во најмала рака чудно, да прашате какво е чувството на напливот на навлегувањето на глутаматот во дорсолатералниот дел на хипокампусот.
Аргументот од причина се држи до тоа, како што тврди монизмот, дека ако сите наши мисли се ефекти од физички причини, тогаш немаме причина за претпоставување дека тие, исто така, се последица од разумна основа. Знаењето, и покрај тоа, е разбрано преку расудување од основа до последица. Заради тоа, ако монизмот е во право, не би постоел начин за знаење на ова или друго нешто како директен резултат на физичката причина, дури и не можеме да го претпоставиме тоа, освен со нагаѓање, на среќа.
Филозофите на умот субјективните аспекти на умствените активности ги нарекуваат 'qualia' или 'raw feels'. Постои нешто што наликува на чувствување болка, гледање на позната сенка на сино итн. Постојат qualia инволвирани во овие умствени активности кои се прилично тешки за да се сведат на нешто физичко.
Ако свеста (умот) може да постои независно од физичката реалност (мозокот), тогаш мора да се објасни како физичките сеќавања се создадени во однос на свеста. Дуализмот заради тоа мора да објасни како свеста влијае врз физичката реалност. Можно објаснување е тоа за чудото, предложено од страна на Arnold Geulincx и Nicolas Malebranche, каде што сите интеракции на релација ум–тело бараат директна интервенција на Господ. Друго можно објаснување е предложено од страна на Ц.С. Луис. Иако во тоа време Луис ги напишал Чуда, Квантна Механика (и физикален индетерминизам), бил единствен во почетните фази на прифаќање, изнесувајќи ја логичката можност дека ако физичкиот свет се докажал како неодреден, тоа би можело да додведе до влезна точка во традиционалното гледање на затворениот систем, каде што научно опишано, физички можен/неможен настан може да биде филозофски опишан како акција на нефизичко битие во физичката реалност.
Аргументот Зомби се заснова на мисла-експеримент предложен од страна на Тод Муди и развиен од страна на Дејвид Чалмерс во неговата книга „Совесниот ум“. Првичната идеја е дека некој може да го замисли телото на друг и заради тоа да го зачне постоењето на тоа тело, без некакви свесни состојби поврзани со телото. Аргументот на Чалмерс изгледа прифатлив дека такво суштество може да постои, бидејќи сè што е потребно е тоа дека работите кои науката ги опишува за зомбито мора да бидат вистинити. Бидејќи ниту еден од концептите во овие науки не се однесуваат на свеста или други умствени феномени и било кое физичко битие по дефиниција може да биде опишано научно преку физиката, потегот од остварливост до можност и не е така голем. Другите како што е Дернет расправаа дека идејата за филозофското зомби е недоследна или безизгледен концепт. Под физикализам беше расправано дека некој мора да верува дека кој било вклучувајќи се и себеси може да биде зомби или дека никој не може да биде зомби, од што следува тврдењето дека нечие осудување за тоа што е (или не е) зомби е резултат на физичкиот свет и поради тоа не е различно од ниту едно друго. Овој аргумент беше изразен од страна на Денет кој тврди дека “Зомбито мисли, тоа е свесно, мисли, има квалија, мисли, чувствува болка – тие се едноставно погрешни (според оваа бедна традиција), на начин на кој ниту ние ниту тие можат некогаш да откријат!“
Интеракционистички дуализам
Интеракционистиски дуализам, или едноставно интеракционизам е форма на дуализам од Декарт првпат изнесена во „Медитации“. Во ХХ. век, негови главни поборници беа Карл Попер и John Carew Eccles. Ова е ставот дека умствените состојби како верувања и желби имаат причинско-последична интеракција со физичката состојба.
Познатиот аргумент од Декарт за оваа позиција може да се сумира како следново: Јосип има јасна и специфична идеја на својот ум како размислување за нешто што нема просторно проширување (т.е. не може да се мери во однос на должина, тежина, висина, итн.) Тој, исто така, има јасна и конкретна идеја за нивното тело, како нешто што е просторно протегнато, предмет на квантификација и не може да се размислува. Тоа следи од тоа дека умот и телото не се идентични, бидејќи тие имаат дијаметрално различни својства.
Но, во исто време е јасно дека умствените состојби на Јосип (желби, убедувања и сл) имаат причинско-последично влијание на неговото тело, и обратно. Детето допира жешка печка (физички настан) што предизвикува болка (умствен настан) што предизвикува тој да крикне (физички настан), тоа, пак, предизвикува чувство на страв и грижа за неговата мајка (умствен настан) итн.