Чикашки универзитет () — приватен истражувачки универзитет во Чикаго, во сојузната држава Илиноис, САД. Основан во 1890 година, Чикашкиот универзитет се состои од колеџ на Чикашкиот универзитет, различни додипломски програми, интердисциплинарни здруженија организирани во четири академски истражувачки дивизии и седум професионални училишта. Покрај уметностите и науките, Чикаго е познат и по своите професионални школи, меѓу кои се Медицинската школа Прицкер, Бизнис школата Бут, Правната школа, Школата за социјални работници, Школата за јавна политика, Школата за либерални и професионални студии и Верската школа. На универзитетот моментално се запишани околу 5 000 студенти на колеџот и околу 15.000 студенти севкупно.
Основан е од Американското Баптистичко Образовно Општество каде што во 1890 година нафтениот магнат и филантроп Џон Д. Рокфелер се приклучил со донација. Вилијам Рејни Харперво 1891 година станал прв претседател на универзитетот, а првите предавања биле одржани во 1892 година. Има репутација на универзитет посветен на академска стипендија и интелектуализам и е бодуван од Роудс стручњаците и има добиено 85 лауреати од Нобелова награда.
Во 2008 година, Универзитетот потрошил 423.7 милиони долари за научни истражувања. Интелектуалците од Чикаго Универзитетот одиграле значајна улога во развојот на Чикаго училиштето за економија, Чикаго училиштето за социологија, правното и економското движење во правни анализи и физичкото водење на светската прва човечка само спонзорирачка направа, јадрена реакција. Исто така Универзитетот е дом на најголемиот универзитетски прес во САД.
Историја Основање - 1910-тите години
Универзитетот во Чикаго е создаден и здружен како мешана ( заедничко образование за момчиња и девојчиња), световна институција во 1890 година од Американското Баптистичко Образовно општество и донација од нафтениот магнат и филантроп Џон Д. Рокфелер. Излегол од истоимениот Баптистички Универзитет кој во 1886 година бил затворен поради финансиски проблеми. Вилијам Рејни Харпер станал првиот претседател на современиот универзитет на 1 јули 1891 година, а првите предавања се одржале на 1 октомври 1892 година.
Училиштето за бизнис е основано во 1898 година, а правното училиште во 1902 година. Харпер починал во 1906 година и бил заменет од три претеседатели во серија чиишто мандати траеле до 1929 година. За време на овој период бил основан Ориенталниот институт.
Церемонија во минатото за доделување на дипломи на Универзитетот во Чикаго.
1920-тите до 1980-тите
Во 1929 година петтиот претседател на Универзитетот, Роберт Мајнард Хучхинс настапил на сцена. Универзитетот поминал низ многу промени за време на неговиот 24 годишен мандат. Хучхинс го отстранил универзитетскиот фудбал од Универзитетот во обид да ја потцени атлетиката наспрема академиите, ја вовел наставната програма за додипломски студии по слободна уметност позната како Заедничко срце и ја организирал Универзитетската дипломска работа во нејзините денешни четири дивизии. Во 1933 година Хучхинс предложил неуспешен план да се соединат Универзитетот во Чикаго и Северозападниот Универзитет во еден универзитет. За време на неговото раководење болниците од Чикаго Универзитетот ( денес наречени медецински центар на Чикаго Универзитетот) завршиле со градење и ги примиле своите први студенти и бил создаден Комитет за општествени размислувања.
Парите што биле собрани за време на 1920-тите години и финансиската поддршка од организацијата на Рокфелер му помогнале на универзитетот да опстане за време на Големата економска криза. За време на Втората светска војна, Универзитетот остварил значаен придонес во проектот Менхетен. Универзитетот бил местото на првата изолација на плутониум и создавањето на првата вештачка само снабдувачка јадрена реакција од Енрико Ферми во 1942 година.
Тимот од Чикаго Универзитетот што работел на создавање на првата светска само снабдувачка јадрена реакција направена од човек, со Енрико Ферми во првиот ред.
На почетокот на 1950-тите, студентските пријавувања опаднале како резултат на зголемениот криминал и сиромаштија во Хајд Парк околината. Како одговор на тоа, Универзитетот станал најголемиот спонзор на контраверзалниот проект за обнова на Хајд Парк кој длабоко влијаел на архитектурата на околината и уличниот план.
Универзитетот го искусил и студентското апсење во 1960-тите, почетокот на 1962 година, кога студенти ја окупирале канцеларијата на претседателот Џорџ Бадл, при протест за универзитетското изнајмување на кампусите на луѓе кои не припаѓаат таму. Во 1969 година повеќе од 400 студенти лути поради отпуштањето на популарниот професор Марлен Диксон, две недели ја окупирале Административната зграда. Откако завршиле протестите, кога Диксон го одбила повторното назначување на една година, 42 студенти биле избркани и 81 суспендирани, а најголемиот дел од нив ја сносиле одговорноста за студентската окупација на кој било Американски универзитет за време на студентските движења.
Во 1978 година, Хана Холборн Греј, тогашната деканка и претседателка на Универзитетот во Јеил, станала претседател на Универзитетот во Чикаго каде што работела 15 години.
1990-тите до 2000 година
Во 1999 година, тогашниот претседател Хуго Соненшејн објавил планови за одмарање од прославениот универзитетски основен предмет, намалувајќи го бројот на курсеви што се бараат од 21 на 15. кога Њујорк Тајмс, Економист и други весници ја одбраа оваа приказна Универзитетот стана главна тема на разговор во државното образование. Промените биле целосно спроведени, но контроверзноста одиграла улога во одлуката на Соненшејн за да си даде оставка во 2000 година.
Во минатата декада универзитетот започнал со проекти кои вределе милионски суми. Во 2008 година, Универзитетот во Чикаго објавил план за основање наМилтон Фридман Институтот. Институтот ќе чини околу 200 милиони долари и ќе ја заземе зградата на Чикаго Теолошката Богословија. Некои членови на факултетот и студенти потпишале периција против овие планови. Во истата година, дарителот Дејвид Г. Бут донирал 300 милиони долари на универзитетската школа за бизнис Бут, која е најголем подарок во историјата на универзитетот и најголем подарок во кое било бизнис училиште. Во 2009 година, планирање или изградба на неколку нови згради, половина од кои чинеа 100 милиони долари или повеќе беа во тек.
Неодамнешна кампања од две милијарди долари му донесе дополнителни трошоци на кампусот, вклучувајќи го и свеченото откривање на Макс Палевски заедничкиот станбен објект, Станбениот хол во јужниот кампус, Жералд Ратлер спортскиот центар, нова болница и нова зграда за природни науки. Моменталните проекти во изградба вклучуваат: Џул и Гвен Кнап центарот за биомедецинско истражување, медецински истражувачки центар, како и дополнителни доградби на медецинскиот кампус при медецинскиот центар во Чикаго Универзитетот.
Кампуси
Главниот кампус на Универзитетот во Чикаго содржи 211 акри (85 хе) во соседството на Чикаго на Хајдпарк и Вудленд, седум милји (11км) јужно од центарот на Чикаго. Северните и јужните делови од кампусот ги дели Мидвеј Плеснс, голем, линеарен парк создаден за светската колумбиска експозиција во 1893 година.
Првите згради на кампусот на Универзитетот во Чикаго што го сочинуваат она што денес е познато како Главни Четириаголници, биле дел од главниот план замислен од два универзитети во Чикаго под старателство и исцртани од архитектот Хенри Ивс Коб од Чикаго. Главниот Четириаголник се состои од шест четириагоолници, секој опкружен со згради ограничен е со еден главен четириаголник. Зградите од главните четириаголници се дизајнирани од Коб, Шеплеј, Рутан и Колиџ, Холбрид и Руш и други архитектски фирми во Универзитетски Готски стил, стил кој е смислен по изгледот на Оксфордскиот Универзитет. ( Мајкл Тауер на пример е изградена според Оксфордската кула на Магдален, а универзитетскиот долен дом, Хичкинсон Хол е дупликат на Оксфордскиот Хол Исусовата црква).
Старите згради на Универзитетот во Чикаго со универзитетски готски стил како кај Оксфордскиот Универзитет. На пример Мајкал Тауер во Чикаго (лево) е изградена според Оксфордската Магдален (десно).
По 1940-тите универзитетскиот готски стил на кампусот започнал да дава и правци на модерни стилови. Во 1955 година, Ееро Саариен бил најмен за да развие втор главен план кој довел до изградба на згради северно и јужно од Мидвеј, вклучувајќи го и Лерд Бел правниот четириаголник (комплекс дизајниран од Саариен), серија на згради за уметност, зграда дизајнирана од Лудвиг Мие ван дер Рох за универзитетското училиште за општествена услужна администрација и Ренгестиен библиотеката најголемата зграда во кампусот, брутална структура дизајнирана од Волтер Нетч од фирма од Чикаго Скидмор, Оуинг и Мерил. Друг главен план, дизајниран во 1999 година и модернизиран во 2004 година, го изработил Жерард Радер спортскиот центар (2003 година), Макс Палевски Заедничкиот станбен објект (2001 година), Станбениот хол во јужниот кампус, и објекти за јадење (2009 година), нова детска болница и други конструкции, проширувања и реставрација.
Страната на првиот столб на Чикаго е Државниот историски белег и е забележан од Хенри Мур, скулптура за јадрена енергија. Роби Хаус и Френк Лојд Рајт зградата е побарана од Универзитетот во 1963 година исто така е државен историски белег како што е и собата број 405 од Џорџ Херберт Џонс библиотеката каде Глен Т. Сибург и неговиот тим биле првите кои го изолирале плутониумот. Хичкок Хол, додипломска спална е во Државниот регистер на историски места.
Кампуси на Универзитетот во Чикаго
Снел Хичкок, додипломска спална изградена околу 20 век и е сместена во Главните Четириаголници.
Капелата Рокфелер која била дизајнирана од Бертрам Годху и е изградена во 1928 година, покажувајќи архитетски вид на нео готска архитектура.
Хенри Хиндс библиотеката за геофизички науки која била изградена во 1969 година.
Жералд Ратнер спортскиот центар отворен во 2003 година и дизајниран од Цезар Пели е дом на одбојкарски, боречки, пливачки и кошаркарски тимови при Универзитетот во Чикаго.
Сателитски кампуси
Универзитетот во Чикаго исто така има простории и надвор од кампусот. Универзитетската школа за бизнис Бут има кампуси во Сингапур, Лондон и во центарот на Стритервил, маало во Чикаго. Центарот во Париз, кампус кој се наоѓа на левиот брег на реката Сена во Париз е домаќин на неколку додипломски и дипломски студиски програми. Универзитетот во Чикаго исто така отвори нов центар во Бејинг есента во 2010 година.
Администрации и финансии
Со универзитетот во Чикаго владее универзитетски совет. Универзитетскиот совет го следи долгорочниот развој и плановите на универзитетот и раководи со обидите за собирање на средства и е составен од 50 членови вклучувајќи го и универзитетскиот претседател. Директно под претседателот се Деканот, четиринаесет потпретседатели (вклучувајќи ги и главниот финансиски директор, главниот директор за инвестиции, и деканот на студентите од универзитетот), директори на државната библиотека Аргон и Фермилеб, секретаријатот на универзитетот и студентскиот народен првобранител. Од Август 2009 година претседателот на одборот на директори е Ендрју Алпер и претседател на универзитетот е Роберт Зимер.
Универзитетското потпомагање е 11-то по големина помеѓу Американскиот образовни институциии системот на државните универзитети во 2008 година и во јули 2010 година има вредност од 5.578 милијарди долари.
Академии
Универзитетски рангирања (севкупни)
ARTU Светско 9
ARTU Државно 8
Форбс 20
Тајмс високо образование 12
USNWR државни универзитети 9
WM државен универзитет 13