200px|мини|Каролина Возњацки во 2017 година Каролина Возњацки (родена на година) е професионална тенисерка од Данска. На 11 октомври 2010 година станала тенисерка број еден во светот на турнејата ВТА. Откако во февруари 2011 година била една недела на второто место, освоила доволно бодови за повторно да биде број еден иако не играла во некое поважно финале од август 2009 година. Таа е првата данска тенисерка која го освоила врвот на ранг-листата.
Од нејзиното деби на ВТА во 2005 година, секоја година го подобрувала рангирањето на крајот од годината, сѐ додека во 2010 година не завршила на врвот. Има освоено 14 ВТА титули во поединечна конкуренција до март 2011 година, три во 2008 година, три во 2009 година, шест во 2010 година (најголем број титули од 2007 година кога Жастин Анин освоила десет) и две во 2011 година. Таа била второпласирана на Отвореното тениско првенство на САД во 2009 година и на ВТА првенството во Доха во 2010 година каде што изгубила од Ким Клајстерс. Го освоила Вимблдон во поединечна конкуренција за девојки во 2006 година, но сѐ уште немала освоено Грен Слем титула во женска конкуренција. Таа исто така има освоено две ВТА титули во двојки.
Кариера
2005 година
Возњацки освоила неколку турнири во јуниорска конкуренција во 2005 година, вклучувајќи го и тениското првенство Оринџ Боул. Дебитирала на ВТА турнејата на Отвореното првенство на Синсинати (Western & Southern Financial Group Women’s Open) во женска конкуренција, на 19 јули 2005 година и изгубила од највисоко рангираната и потенцијалната победничка, Пети Шнајдер, во првиот круг. На Отвореното првенство на Стокхолм (Nordea Nordic Light Open), нејзиниот втор ВТА турнир таа година, изгубила од Мартина Суша во првиот круг.
2006 година
Во 2006 година таа била највисоко рангирана на Отвореното тениско првенство на Австралија (јуниорска женска поединечна конкуренција), но била поразена во финалето од осмата носителка на група, Анастасија Павличенкова од Русија. На натпреварот во двојки, таа била втора носителка на група заедно со партнерката Ана Татишвили, но двојката била поразена во полуфиналето од француско-италијанската двојка, од Ализе Корне и Корина Дентони кои биле осми носителки на група.
На турнирот во Мемфис во февруари, поразувајќи ги Кристина Бренди и Ешли Харклероуд, стигнала до нејзиното прво четвртфинале на ВТА турнејата каде изгубила од третата носителка на група, Софија Арвидсон од Шведска.
Пред Вимблдон, Возњацки го освоила меѓународниот егзибиционен натпревар во тенис во Ливерпул, победувајќи ја Ешли Харклероуд во финалето.
Подоцна, успеала да ги помине квалификациите на Вимблдон, но била поразена во првиот круг од Михо Саеки. Сепак, Возњацки го освоила турнирот во поединечна конкуренција за девојки, победувајќи ја во финалето Магдалена Рубарикова од Словачка.
Во август стигнала до уште едно четвртфинале на ВТА турнејата, овој пат на Отвореното првенство на Стокхолм. Ги победила Ивета Бенешова и Елена Данилиду кои се рангирани во најдобрите 100 тенисерки, пред да биде поразена од потенцијалната победничка и третата носителка на група, Џи Женг.
Возњацки била втора носителка на група на последниот турнир во поединечна конкуренција за девојки таа година. Во првиот круг го освоила првиот сет против Русинката Александра Панова, но во вториот сет била дисквалификувана затоа што го навредила судијата.Рекле дека Возњацки го опцула линискиот судија заради неговата спорна одлука, но Возњацки на нејзиниот блог тврдела дека рекла: „извади ги очилата за сонце‟ и била погрешно сфатена дека разговара со линискиот судија кога таа всушност се критикувала себеси по наредниот бод.
На нејзиниот последен јуниорски турнир, купот во Осака, победила и во поединечна конкуренција и во двојки.
Набргу ја освоила нејзината прва титула на сениорската турнеја, на 29 октомври, кога со победата над Татјана Малек во финалето, го освоила ИТФ турнирот во Истанбул и добила 25 000 долари.
На 27 ноември, Возњацки требало да се соочи со Венус Вилијамс на егзибиционен натпревар во Копенхаген, но пет дена пред настанот, Вилијамс го откажала мечот поради повреда. Сепак, тие се соочиле на ВТА турнирот во Мемфис (Tier III) на 20 февруари. Вилијамс ја победила Возњацки, прекинувајќи ѝ ја серијата од девет последувателни победи.
На 29 ноември, тогашниот Министер за култура на Данска, Брајан Микелсен, ја назначил Возњацки за амбасадор на данскиот јуниорски тенис.
2007 година Тениската асоцијација на Хонгконг во јануари ја поканила да игра на егзибиционен натпревар во Хонгконг (Watson Water Champions Challenge).
На 4 февруари го освоила ИТФ натпреварот во поединечна конкуренција во Ортизеј, Италија и освоила 75 000 долари победувајќи ја италијанската тенисерка Алберта Бријанти. На 4 март освоила 75 000 долари со победата на ИТФ турнирот во Лас Вегас, поразувајќи ја во финалето највисоко рангираната Акико Моригами.
На мастерсот во Индијан Велс, дебитирала на Tier I турнирот. Испаднала во вториот круг каде изгубила од Мартина Хингис.
Потоа стигнала до полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Јапонија во октомври, нејзиното прво полуфинале на ВТА турнејата и била првата данска тенисерка која стигнала до ВТА полуфинале по Тине Шоер-Ларсен во Брегенц во 1986 година. Возњацки била поразена од Венус Вилијамс без добиен сет.
2008 година
На Отвореното тениско првенство на Австралија, Возњацки ги поразила Гизела Дулко и Аљона Бондаренко која била 21-ва носителка на група, за да стигне до кругот на 16-те најдобри, каде изгубила од потенцијалната финалистка и четвртата носителка на група, Ана Ивановиќ.
Првиот Грен Слем турнир на кој Возњацки била носителка на група, било Отвореното тениско првенство на Франција каде била 30-та носителка на група. Во третиот круг повторно изгубила од потенцијалната победничка и тенисерката број два во светот, Ана Ивановиќ.
На Вимблдон стигнала до третиот круг, но изгубила од втората носителка на група, Јелена Јанковиќ.
Возњацки ја освоила нејзината прва титула од ВТА турнејата на Отвореното првенство на Стокхолм без да изгуби сет, поразувајќи ја петтата носителка на група, Анабел Медина Гаригес во четвртфиналето, највисоко рангираната и тенисерката број десет во светот, Агниеска Радванска во полуфиналето и Вера Душевина во финалето.
На Летните олимписки игри во Пекинг ја победила дванаесеттата тенисерка во светот, Даниела Хантукова, во вториот круг, пред да биде поразена од потенцијалната добитничка на златен медал, Елена Дементиева. Потоа Возњацки ја освоила нејзината втора титула од ВТА турнејата на турнирот во Њу Хевн (Pilot Pen Tennis), каде победувајќи ги четвртите носителки на група, Доминика Цибулкова, Марион Бартоли и Ализ Корне, си отворила пат до финалето каде ја поразила Ана Чакветаџе, тенисерката број 11 во светот.
Возњацки била 21-ва носителка на група на Отвореното тениско првенство на САД. Ја победила Викторија Азаренка, 14-тата светска тенисерка во третиот круг, но изгубила од втората носителка на група и потенцијалната вицешампионка, Јелена Јанковиќ, во четвртиот круг.
На првиот меч на Отвореното тениско првенство на Кина, Возњацки била поразена од Анабел Медина Гаригес. Заедно со неа ја освоиле титулата во двојки со победа над кинеската двојка (Han Xinyun и Xu Yi-Fan). Таа била првата ВТА титула на Возњацки во двојки. На Отвореното тениско првенство на Јапонија, на турнирот Tier III, Возњацки првпат била највисоко рангирана на ВТА турнејата и ја освоила третата титула во нејзината кариера, поразувајќи ја Каја Канепи од Естонија во финалето.
Потоа Возњацки учествувала на ИТФ турнирот во нејзиниот роден град Оденсе. Го освоила турнирот совладувајќи ја во финалето Софија Арвидсон, тенисерката рангирана на 64-тото место на светската ранг-листа.
Завршниот однос на победи и порази (сметајќи ги ИТФ мечевите, но не и егзибициските мечеви) бил 58-20 во поединечна конкуренција и 8-9 во двојки. Ја завршила година рангирана на 12-тото место во поединечна конкуренција, а во двојки на 79-тото место. На првенството Сони Ериксон била тринаесетта. Исто така ја освоила ВТА наградата „Почетник на годината‟ за 2008 година.
2009 година
Возњацки ја започнала сезоната во Окланд каде што изгубила од Елена Веснина во четвртфиналето. Исто така стигнала до финалето во Сиднеј, овој пат губејќи од светската тенисерка број два, Серена Вилијамс, со 6-7(5), 6-3, 7-6(3), иако имала три меч топки. На Отвореното тениско првенство на Австралија била 11-та носителка на група и изгубила во третиот круг од Јелена Докиќ од Австралија.
Во Патаја, Возњацки изгубила од Магдалена Рубарикова во четвртфиналето. На купот во Мемфис, Тенеси (Cellular South Cup) била највисоко рангирана и стигнала до финалето, но изгубила од Викторија Азаренка. Подоцна, заедно играле во финалето во двојки и ги победиле Махаела Крајичек и Јулијана Федак.
Возњацки потоа учествувала на првите два Премиер задолжителни турнири на годината. На Индијан Велс изгубила во четвртфиналето од потенцијалната победничка, Вера Звонарева. Во Мајами ја постигнала првата победа над Елена Дементиева, пред да изгуби од друга Русинка, Светлана Кузнецова, во четвртфиналето.
Првата титула таа година Возњацки ја освоила на првенството МПС Груп кој се играл на зелени игралишта во Понте Ведра Бич и ја совладала Канаѓанката Александра Возњак (не се во роднинска врска). Во Чарлстон ја поразила прворангираната Елена Дементиева во полуфиналето, а во финалето била совладана од Сабин Лисицки.
На нејзините два наредни турнири рано била исфрлена, губејќи од Марион Бартоли во вториот круг во Штутгарт и од Викторија Азаренка во третиот круг во Рим. Стигнала до финалето на Отвореното тениско првенство на Мадрид, Мутуа Мадрилена, каде што изгубила од светската тенисерка број еден, Динара Сафина. Тоа било едниствениот меч на Возњацки против тенисерка број еден, пред таа да стане број еден во октомври 2010 година. На Отвореното тениско прванство на Франција била десетта носителка на група и во третиот круг изгубила од Сорана Кирстеа. Играле заедно во двојки, но изгубиле во првиот круг.
Возњацки ја освоила нејзината втора титула во 2009 година на турнирот во Истбурн кој се игра на трева. Во финалето ја совладала Вирџинија Разано. Возњацки била деветта носителка на група на Вимблдон каде изгубила од Сабин Лисицки во четвртиот круг.
На нејзиниот деветнаесетти роденден изгубила во финалето на Отвореното тениско првенство на Шведска од Марија Хосе Мартинес Санчес. На тврд терен на тениското првенство за жени во Лос Анџелес, изгубила во вториот круг од Сорана Кирстеа. На мастерсот во Синсинати стигнала до четвртфиналето каде била совладана од Елена Дементиева. Во Торонто рано изгубила, во вториот круг, од Женг Џи, но потоа во Њу Хевн (Pilot Pen Tennis) ја одбранила нејзината титула без да изгуби сет. Во првиот круг ја освоила нејзината прва победа „двоен ѓеврек‟ како професионалец над Едина Галовиц, 6-0, 6-0 за 41 минута. Во финалето ја победила Елена Веснина освојувајќи ја нејзината трета титула таа сезона.
Возњацки била деветта носителка на група на Отвореното тениско првенство на САД. Го постигнала нејзиниот најдобар резултат дотогаш и била првата жена од Данска која стигнала до Грен Слем финале. Била поразена од Ким Клајстерс која скоро се вратила од повлекувањето во 2007 година.
Во вториот круг на Отвореното тениско првенство Тореј Пан Пацифик се повлекла од мечот против Александра Возњак кога резултатот бил 0-5, поради вирусно заболување. Потоа изгубила од Марија Хосе Мартинес Санчес во првиот круг на Отвореното тениско првенство на Кина и од Саманта Стосур во полуфиналето во Осака. Наредната недела во Луксембург се повлекла во првиот круг поради повреда на тетивата под коленото, а водела 7-5, 5-0 против Ана Кремер. Тоа предизвикало полемика за крајниот резултат.