Грбот на Соломоните е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот бил воведен како официјален по независноста на државата.

Опис

Грбот е составен од златен штит на кој во горниот дел има две бели птици во лет и една кафеава во седечка позиција на сина позадина, а долниот дел има приказ на лак и стрела во торба со вкрстени копја во позадина. Од лево и десно од копјата има желки во кафеава боја. Штитот е поставен на подлога, а над него има украсен штит со стилизирано сонце на врвот. Како држачи на штитот се јавуваат зелен крокодил од лево и ајкула од десно. Под штитот се наоѓа златна лента со натписот „Да водиш е да служиш“ на англиски.Грб на Соломоните

Наводи

Поврзано Знаме на Соломонските Острови

Категорија:Национални симболи на Соломоните Соломони