Фабио Капело (роден на година) — пензиониран италијански фудбалер, тренер, а последниот ангажман го имаше како селектор на репрезентацијата на Русија, каде што беше отпуштен во 2015 година. Карактереистично за Капело е тоа што тој има освоено шампионска титула во домашните првенства со сите тимови кои ги водел во неговата кариера. Во првите сезони како менаџер тој освои четири скудета (шампионски титули во Италија) со Милан, и исто така ја освои Лигата на шампионите во 1993-94 година каде што ја порази Барселона со 4-0 во финалето што ќе се запамти. Потоа тој помина една година во Реал Мадрид, каде ја освои шампионската титула во домашното првенство (Ла Лига), и во 2001 година тој премина во Рома и ја доведе до првата шампионска титула во Серија А. Капело исто така има освоено две титули со Јувентус (кои подоцна беа одземени со скандалот Калчополи), и во 2006 година се врати во Реал Мадрид, каде освои уште една домашна титула во Ла Лига. Сè на сè` тој има освоено титули во седум домашни првенства (девет ако ги сметаме и тие на Јувентус) во неговите 16 сезони како тренер, и е еден од малкуте менаџери кој освоил титули во четири големи градови во Европа: Милано, Мадрид, Рим и Торино. Откако беше назначен за селектор на Англија во декември 2008 година, тој изјавил дека ова ќе биде последна улога во неговата кариера. Договорот на Капело со Англиската фудбалска федерација стапи на сила на 7 јануари 2008 година, и првенствено беше во план Капело да ја води репрезентацијата 2 и пол години. На 24 јануари 2008 година, Капело беше назначен за претседател на Асоцијацијата за менаџери на Англија, вообичаена улога на секој селектор на репрезентацијата. Во мај 2010 година беше објавено дека договорот со Капело бил продолжен до 2012 година.Тој се смета за еден од најголемите менаџери на сите времиња.

Ран живот Тој беше роден во Сан Канцијан д’Изонцо (Шкоцјан на Соча) близу Горица

, во североисточна Италија, тогаш попознато како Јулијската покраина во окупираната зона А. Неговиот вујко Марио Тортул беше фудбалер, кој настапуваше за Тристина,Падова, Сампдорија и за Италијанската репрезентација во шеесеттите години.

Клупска кариера Како среден играч, Капело за првпат играше за локалниот младински клуб (Пјерис во околината на Бисјакарија, меѓу Соча и Тимаво) кој го предводеше неговиот татко, Гуерино. Тој потпиша договор со Паоло Маца, претседателот на СПАЛ, во вредност од две милиони лири и покрај интересот на ФК Милан. Во неговата втора сезона тој му помогна на младискиот тим да го освои италијанското младинско првенство и првпат заигра за првиот тим против Сампдорија на 29 март 1964 година. Тој имаше четири настапи за неговиот тим кој се бореше за опстанок во Серија А и на крајот испадна, што нему му беше и позитивно и негативно искуство во една сезона. Откако се вратија во првата лига наредната година тој беше клучен играч во сезоната 1965-66 година, тој ги изведуваше пеналите и му помогна на тимот да не испадне во Серија Б. Тој исто така беше повикан и во италијанската репрезентација под 23 години со неговиот соиграч Еди Реја. Сепак, повредата на левото колено го спречи да изигра повеќе од 16 натпревари во тековната сезона. Во 1967 година, тој премина во Рома каде што стана клучен играч за клубот. Во неговата прва сезона, тој му помогна на клубот да биде на првото место по само осум меча, вклучувајќи ја и победата со 10-9 против Јувентус. И покрај тоа, повторното појавување на повредата на левото колено го спречи да ја доигра таа сезона и ФК Рома заврши на десеттото место, со само повеќе 5 бода од испаѓање. Наредната сезона, со новиот менаџер Хеленио Херера, добро подготвениот Капело постигна 6 голови а тимот заврши на осмото место и ја освои првата титула во Купот на Италија. Со победата Рома се квалификува да игра во Англо-Италијанскиот Лига Куп, против Свидон Таун кој го победи Арсенал во Купот на лигата во Англија во 1969 година. Капело ги играше двата натпревара против Свидон, на домашен терен Рома победи со 2-1 а на гостинскиот меч загубија со 4-0 во Свидон на Каунти Граунд стадионот, што беше првпат да осети англиски фудбал. Потоа тој беше продаден во Јувентус каде беше главна потпора во седумдесеттите. Јувентус беше најуспешен италијански тим на декадата, и тој ја освои Серија А трипати со клубот. Капело ја заврши кариерата како играч на Милан во 1980 година, каде по четврти пат ја освои титулата на италијанската клупска лига во 1979 година. Италијанска репрезентација Капело исто така има настапено 32 пати за репрезентацијата на Италија. Тој особено беше запаметен со голот против Англија каде Италија победи со 1-0 на Вембли за првпат во историјата (14 ноември 1973 година), тоа тој го смета за негов најголем блесок во неговата играчка кариера. Капело го постигна едиствениот гол против Полска каде Италија загуби со 2-1 и не се квалификува за втората рунда на натпреварувањето. Тој не беше повикан за Светското првенство во 1974 година и покрај тоа што имаше одлична сезона во Милан. Тогашниот селектор, Енцо Беарцот повеќе им даваше поддршка на дефанзивните средни играчи како Марко Тардели за разлика од напаѓачкиот Капело. По неколку години како фудблалски стручњак за италијанската телевизија СПВ ( TV SPW) набрзина беше формално назначен за менаџер на Милан во 1991 година. Тренерска Кариера Пред да стане менаџер, Фабио помина неколку сезони од 1987 година до 1989 година како тренер во ФК Аталанта со неговиот пријател менџерот Емилиано Мондрико. Менаџерска кариера Како студент на Коверчијано, во 1984 година тој го промовираше написот со наслов „Системот за зонско маркирање“ Првпат во Милан Неговото прво искуство беше водењето на Милан во последните пет натпревари во сезоната 1986/87 година во Серија А, кога го заменуваше Нилс Лајдхолм и оствари квалификации во Купот на УЕФА во мечот против Сампдорија. И покрај тоа, наредната сезона, Аеиго Сачи стана нов менаџер на Росоњерите и Капело беше тргнат од позицијата, но тој сè уште работеше таму. Капело неговото второ и најдобро запаметено излагање го направи на почетокот на 1990 година повторно со Милан, кога го замени Ариго Саки и го водеше тимот со големи имиња како Марко ван Бастен, Руд Гулит, Паоло Малдини, Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан и Франко Барези до четири титули во пет години во италијанската Серија А и тимот го доби името „Непобедливите“. Во тоа време Милан беше финансиран од многу богатиот медиски тајкун Силвио Берлускони. Со Капело, Милан немаше пораз на 58 натпревари од 19 мај 1991 година до 21 март 1993 година, вклучувајќи ги и настапите во лигата без пораз во целата сезона. Најпосле тие беа поразени од Парма со 1-0 а голот го постигна Фаустино Асприлја. Со стил на игра кој го оспори италијанскиот стереотип на Катанаџото, во 1994 година Милан ја победи фаворизирината Барселона со 4-0 во Лигата на шампионите, и им даде репутација на една нова ера фудбалери. И покрај тоа Милан ја изгуби титулата во Серија А во 1995 годиина, завршувајќи на разочарувачкото четврто место, Капело го заврши шестгодишниот договор со Росоњерите откако пак ја освои титулата во лигата наредната година. На неговото место дојде Уругваецот Оскар Табарез кој беше избркан по само неколку натпревари во Серија А. До сега, Капело важи за еден од најдобрите менаџери во Европа. Тој исто така стана познат по неговата дисциплинираност, кој без страв ги казнува играчите, па дури и најголемите ѕвезди, ако осети дека тие не го даваат својот максимум за тимот. Пред неговиот крај во Милан тој имаше расправии со играчот Паоло Ди Канио кој потоа беше продаден на Селтик од Глазгов. Првпат во Реал Мадрид Капело беше назначен за нов менаџер на Реал Мадрид. Неговата главна задача беше да ги комбинира напаѓачките таленти Давор Шукер, Предраг Мијатовиќ и Раул во една постава, што Капело го направи со тактиката со три напаѓачи, и го порекна неговиот углед како претпазлив и одбранбен менаџер. Тој беше на чело на клубот една сезона кога со Реал ја освои титулата на шпанското првенство во 1997 година. Само со два бодови повеќе од нивните вечни соперници Барселона. Без разлика на неговиот мандат од само една сезона со Кралевите, тој имаше придонес со донесуввањето на голем број на играчи како Шукер, Мијатовиќ, Роберто Карлос и Кларенс Сидорф кој подоцна му помогнаа на клубот да биде доминантен во Лигата на шампионите во наредните неколку години. Вторпат во Милан И покрај надевањата на сопственикот на Лацио Сергио Крањоти кој со Капело имаше вербален договор дека ќе го предводи клубот Фабио пак се врати во Милан за краток и помалку успешен временски период. Некои играчи од поранешниот состав беа заминати како Франко Барези кој ја заврши кариерата. Екипата имаше потреба од повторно ојакнување, и многу од новокупените играчи не се покажаа во добра форма. Екипата имаше само 11 победи во целата сезона, со особено слабиот натпревар против Јувентус во март 1998 година кога загубија со 4-1 и против Рома во мај кога Капело беше исклучен од натпреварот поради расправии со судијата а тимот загуби со 5-0. Во сезоната 1997-98 во Серија А Милан заврши на 10-то место, со 30 бодови заостанување од првакот Јувентус, и тоа беше времето кога Капело го напушти Милан. Некои од играчите се изјаснија дека Капело во таа сезона покажал по лабави тренинзи за разлика од првиот пак кога го предводеше Милан. Предводењето на Капело заврши кога Милан беше поразен од Лацио во италијанскиот куп со 3-2, иако на првиот меч Милан победи со 1-0. Капело си препиша придонес кога наредната сезона Милан беше шампион и тврдеше дека тој го зацврстил тимот и дека тоа бил „негов“ тим. Менаџер на Рома По неговото отпуштање во Милан, Капело зеде краток одмор од работата како менаџер. На еден репортер тој му рече „лежам на плажата и размислувам за фудбалот“. Тој исто така уживаше во улогата на коментатор за една италијанска телевизија, кој учествување во телевизиското покривање на американскиот куп во 1999 година. Во мај 1999 година тој премина во Рома, во клубот за кој и тој настапуваше пред 30 години. Неговото пристигнување беше поздравено од претседателот на Рома Франко Сенси, кој рече „Капело е победник и јас му верувам“. Капело беше во придружба на Франко Балдини кој стана спортски директор на клубот. Капело му покажа доверба на Марко Делвекио, и некогаш го оставаше Виченцо Монтела на клупата. Со верување дека на тимот му недостига светски напаѓач, Капело направи потег со тоа што сакаше да го купи Руд Ван Нистелрој, но овој договор пропадна бидејќи тој се соочи со сериозна повреда. Во неговата прва сезона тој ја доведе Рома на 6-то место, имаше особено разочарување бидејќи градскиот соперник Лацио ја освои титулата, и дека Рома отпадна од купот на УЕФА од Лидс Јунајтед. Пресвртот на Капело се случи кога тој ја освои италијанската титула во 2001 година, со купувањето на Валтер Самуел за зајакнување на одбраната и Габриел Батистута како голгетер. И покрај тоа што, високата плата на Габриел Батистута беше под знак прашалник, тој постигна многу клучни голови. Сезоната започна доста тешко кога Рома имаше лоша форма и со протестот на разлутените навивачи во тренинг-кампот Тригориа кој прерасна во насилство кога навивачите ги нападнаа автомобилите на играчите. Капело не сакаше да даде оставка, и резултатите на тимот видно се зголемија со играта на бразилскиот среден играч Емерсон Фереира. Титулата беше освоена со победа над Парма со 3-0 на стадионот Олимпико што доведе до инвазија на теренот од страна на навивачите на Рома. Тоа беше прва главна титула во декадата и само трета титула во италијанското првенство во целокупната историја. Капело доби пофални зборови за пуштањето на терен на последниот меч од сезоната на Виченцо Монтела со кого минатите денови имаа голема караница.