Не е исто со „јазици во Океанија“.
Океанските јазици — подгрупа на малајско-полинезиските јазици од семејството на австронезиски јазици. Оваа група е составена од околу 450 јазици и ја опфаќаат територијата на Полинезија, како и големи делови на Меланезија и Микронезија.
Иако овие јазици заземаат огромна површина, нив ги зборуваат околу 2 милиони луѓе. Најголеми океански јазици се самоанскиот јазик со околу 370.000 говорници и фиџискиот со околу 500.000 говорници. Овие јазици, се проценува дека, настанале од протоокеанскиот јазик.
Класификација
Класификација според Базата на основни австронезиски зборови Базата на основни австронезиски јазици целосно го поддржува единството на оваа група.Austronesian Basic Vocabulary Database Сепак, некои традиционални групирања не биле поддржани, односно мезомеланезиските јазици не се групирале со западноокеанските јазици, туку се тежнеело на групирање со централно-источните океански јазици.
Класификација според Етнолог Постојат поголем број суштински разлики меѓу класификацијата на Базата и таа на Етнолог. Класификацијата според Етнолог има 6 основни групи. Океанските јазици според Етнолог сочинуваат 509 јазици и тие сеОкеанските јазици на Етнолог.:
Класификација според Линч, Рос и Кроули Според класификацијата на Линч, Рос и Кроули (2002), океанските јазици создаваат т.н. „врски“. Јазичните врски се разликуваат од семејствата по тоа што не може да им се реконструира прајазикот. Според овие јазичари, океанските јазици се сочинети од:
адмиралитетски јазици западноокеанска врска северни новогвинејска врска мезомеланезиска врска крајнопапуанска врска централно-источна океанска врска југоисточни соломонски јазици утупуанско-ваникорски јазици [подоцна преместени во темотуанските јазици] јужноокеанска врска централноокеанска врска микронезиски јазици
„Остатоците“, како што ги нарекуваат овие тројца јазичари, се јазици кои не влегуваат во ниту една од овие групи: светиматејски јазици јапски јазик
Наводи
Користена литература
Поврзано
Океанија Австронезиски јазици Малајско-полинезиски јазици
Надворешни врски Океанските јазици на Ethnologue. Австронезиските јазици на Базата на основни австронезиски зборови.
*