Турново — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

Турново се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово, на 11 километри од градот Струмица. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село. Тука тече реката Турија (според која селото го добила името), која како лева притока се влева во реката Струмица.

Надморската височина во селото е 215 метри, додека селото зафаќа површина од 5,5 км2. Од нив, 468 хектари се обработливо земјиштеПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.295.

Историја Ран период мини|Русалиска дружина од село Турново 1932 година thumb|лево|Училиште 'Св.Кирил и Методиј thumb|десно|Црквата „Св. Ѓорѓи“ thumb|десно|Црквата „Св. Петка“ Во дамнешно време на тоа место немало населба. Земјиштето во атарот на денешно Турново било покриено со вода, било блато. Со текот на времето водата, преку реките Струмица и Струма истекла во Егејско Море. На одводнетото земјиште подоцна била осована мала селска населба. Прво во неа се населило семејството Катарџиевци, кое според народното предание, дошло од селото Крвичево (сега месност во падините на планината Огражден). Подоцна тука се населиле и други семејства од околните краишта и така била основана населба, која во средновековните пишани извори се спомнува со името Торњево.

За името на селото има три легенди. Првата имато на селото го поврзува со поодамнешното минато, кога атарот на Турново бил исполнет со вода. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата Штука, која уште ја викаат Турна. Рибата Турна селаните ја ловеле со кошеви, а можеле да ја ловат и со рака. Рибарите уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Се претпоставува дека од изобилството на рибата Турна блатото а подоцна и селото било наречено Турново. Другата легенда вели дека на денешната локација на селото имало азмак – разни бодливи растенија, трни. Од месност обрасната со трње, турново, торново, по некаква аналогија било добиено името Турново. Третата легенда името на селото го поврзува со реката Турија, која тече крај селото и се влева во реката СтрумицаКОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО.

Селото се споменува во повелбата на Јован Драгаш и Константин Драгаш, датирана од околу 1378 годинаНоваковић, Стојан. „Законски споменици српских држава средњега века“, Београд, 1912, стр.513. со името ТорњевоМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 88..

Отоманско Царство

Во XIX век Турново било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Турново било село со 70 семејства со 159 Македонци и 60 ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 280 жители Македонци и 250 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело едно егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства, а селото било опожарено. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.

По крајот на Втората светска војна, Турново било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Стопанство

Населението којшто живее во Турново се занимава со земјоделство, а во последните години во подем е сточарството. Според некои анализи во Турново има околу 400 грла крупна стока и 200 овци.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Во почетокот на XX век, населението било со мешана етничка структура, односно живееле Македонци и Турци, кои подоцна се иселуваат. Од пописот во 1948 година, до денес селото е во целост населено со Македонци.

Пописот од 1961 година бележи дека 63 луѓе биле родени во друга држава (Грција).

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 941 жител (сите Македонци) и спаѓа во групата на големи и развиени села.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 634 жители, од кои 584 Македонци, 3 останати и 47 лица без податоци.

Општествени установи Училиште 'Св.Кирил и Методиј. Во ова училиште се врши образование и воспитување на деца од прво до деветто одделение, вклучувајќи го и предучилишното образование. Во ова училиште се образуваат децата не само од Турново туку и од околните населени места: Радово,Секирник и др.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 993 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 988 гласачи.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Св. Петка“ Дом на култура

Личности Мануш Георгиев (1881 - 1908) - револуционер

Спорт thumb|right|200px|ФК Турново ФК Турново. Овој фудбалки клуб е основан 1950, истиот денеска се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Фудбалскиот тим е поделен на: сениори, јуниори, а тука спаѓа и женкиот фудбалски тим.

Наводи

Надворешни врски Општина Босилово

Категорија:Села во Општина Босилово Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија