Усјански Канал, познат и како Усјанка или Усјански Јаз, — поток и канал со должина од 9,5 км кој минува низ селата Сопиште и Усје и населбата Горно Лисиче. Тој ги собира поројните води од неколку суводолици од планината Водно, а исто така и отпадните и атмосферски води од општините Аеродром и Кисела Вода.Дневник: Продолжува чистењето на Усјански Канал Каналот е заграден со ѕидани камени блокови во должина од 5,293 метри. Се влева во Вардар кај населбата Горно Лисиче.

Историја Во август 2022 година, бил потпишан договор за првата фаза за изградба, реконструкција и покривање на каналот. Договорот бил потпишан меѓу Град Скопје и Ју-Бај 2 Амет ДООЕЛ. Цената за прифатената понуда, со вклучено ДДВ, била 172,382,930 денари. Градежните постапки започнале во ноември 2023 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Претпоследниот мост на Усјанскиот Канал, Горно Лисиче Категорија:Канали во Македонија Категорија:Усје Категорија:Горно Лисиче Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Географија на Скопје