Ова е статија за археолошкото наоѓалиште во Белица, за истоимената селска црква видете тука

Св. Александија — археолошко наоѓалиште во кичевското село Белица. Претставува црква и некропола од средниот век. Според сведочења на постари жители денешната црква („Св. Александар“) била подигната врз темелите на постара црква. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од тогашниот српски началник.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Црква „Св. Александар“ — селска црква; Горно Село — некропола од доцноантичко време; Белица; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Белица (Кичевско)