Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија ги издаваат службите на кантоните, кои се задолжени за моторните возила. Од 1933 година на ознаките се наоѓаат две букви за ознаката на кантонот и еден до шест броеви. мини|Ознака на кантонот на Цирих (ZH) Ознаки на кантоните За разлика од повеќето други земји во Европа, швајцарските регистарски таблички не се доделуваат посебно за возилото, туку му се доделуваат на неговиот сопственик. Во многу кантони, регистерот на регистарски таблички е достапен за јавноста, понекогаш дури и преку интернет. Во некои кантони можат да бидат откупени таблички за најмногу 99 стари (“олд тајмери“) автомобили (автомобилот мора да биде постар од 30 години).http://www.baselland.ch/veteranen-htm.281561.0.html#body-over Erklärung über Abweichungen bei Veteranenfahrzeugen
Опис на кантонот Предните таблички содржат само кратенка за кантонот и броеви, дододека задните таблички ја содржат кратенката на кантонот, броеви, грбот на кантонот, како и грбот на Швајцарија.
Ознаките се испишани со црни знаци на бела заднина.
мини|Предни таблички на швајцарските возила (од кантонот Фрибур (FR)) мини|Ознака на кантонот Женева (GE) во долга форма мини|Ознака на кантонот Санкт Гален (SG) во долга форма мини|Ознака на кантонот Швиц (SZ) во попречна форма мини|Ознака на кантонот Воа (VS) во попречна форма Кратенка Кантон AG 20п Аргау AI 20п Апенцел Инероден AR- 20п Апенцел Аусероден BE 20п Берн BL 20п Базел-провинција BS 20п Базел-град FR 20п Фрибур GE 20п Женева GL 20п Гларус GR 20п Граубинден JU 20п Јура LU 20п Луцерн NE 20п Нешател NW 20п Нидвалден OW 20п Обвалден SG 20п Санкт Гален SH 20п Шафхаузен SO 20п Золотурн SZ 20п Швиц TG 20п Тургау TI 20п Тичино UR 20п Ури VD 20п Во VS 20п Вале ZG 20п Цуг ZH 20п Цирих
Боја (заднина) мини|150px|Ознака за работни возила од кантонот Женева Во повеќето кантони е можно да се најдат ознаки со ист број во различни бои. Различните бои служат за означување различни видови возила: "Сино" - работни возила "Кафеаво" - специјални возила "Жолто" - скутер и мотоцикл "Зелено" - земјоделски возила "Бело" - возила "Црно" - бели знаци на црна заднина: Возила на сојузната армија (понекогаш наместо кратенка на кантонот се користи М+ за Militär (мак. Војска), нема грб на кантонот).
Ознаки на возила на владата Возилата на владата го имаат грбот на Швајцарија по буквата "А" (кратенка за "администрација") и броеви со црним знаци на бела заднина. Првите од петте цифри на табличката го означуваат министерството на кое му припаѓа возилото. А - 1XXXX - Министерство за надворешни работи А - 2XXXX - Министерство за внатрешни работи А - 3XXXX - Министерство за правда А - 4XXXX - Министерство за одбрана, спорт и сигурност на народот А - 5XXXX - Министерство за финансии А - 6XXXX - Министерство за економија А - 7XXXX - Министерство за природна средина, сообраќај, енергија и телекомуникации
Надворешни врски Слики на швајцарските авто ознаки
Наводи
Швајцарија Категорија:Сообраќајот во Швајцарија