Фиџискохиндискиот јазик или само како фиџиски хинди е индоариски јазик кој е мајчин јазик на околу 313.000 луѓе од индиско потекло во Фиџи.

Овој јазик е многу различен од стандардниот хиндиски кој се зборува во Индија и односот помеѓу двата јазика е сличен на оној меѓу холандскиот и африканс. Јазикот е составен од источнохиндиските дијалекти (Bhojpuri и Awadhi) со бројни англиски и фиџиски зборови. Во последно време, поради политичкиот пресврт во Фиџи, голем број на фиџиски Индијците се преселиле во Австралија, Нов Зеланд, САД и Канада.

Поврзано Хиндиски јазик Фиџи

Надворешни врски

Запис на Етнолог за фиџискохиндискиот јазик

Категорија:Индоариски јазици Категорија:Јазици во Фиџи