Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаа на 5 јуни 2011 година.„Вељаноски ги распиша изборите за 5 јуни“, „Утрински Весник“ Тие биле втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија и втори предвремени парламентарни избори во низа. На овие избори првпат македонските државјани во странство избрале свои посебни пратеници (во изборните единици 7, 8 и 9), откако оваа можност била воведена со измените на Изборниот законик од октомври 2008 година.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формирала нова Коалициона влада.

Учесници на изборите На изборите се поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваат самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ и Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Обединета партија за еманципација, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, ТМРО, Нова либерална партија, Народно движење за Македонија, ВМРО – ДП, ВМРО – обединета, ТМОРО – Вардар – Егеј – Пирин, Македонска алијанса и ВМРО – Македонска. ВМРО Народна партија Демократска десница Демократска партија на Албанците Демократска унија на Албанците Демократска унија за интеграција Европска Партија на Македонија Либерално демократска партија Национална демократска преродба Национална демократска унија Нова демократија Обединети за Македонија Партија за демократски просперитет Партија на обединети демократи на Македонија Политичка партија Достоинство Социјалдемократска партија на Македонија СДСМ и Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Либерална партија на Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Нова алтернатива, Сојуз на Титови леви сили, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократски сојуз на Србите во Македонија, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Партија на слободни демократи, Партија на пензионерите на РМ и Санџачка лига. Социјалдемократска унија

Изборен ден Гласачко место 1975 во општина Тетово, 10 случаи на семејно гласање при што се искористени 21 гласачко ливче. Гласачко место 0823 во општина Зајас, тројца гласачи гласале без соодветна документација. Гласачко место 0816 општина Зајас, забележано е повеќекратно гласање во име на друг.

Резултати Партија/Коалиција Лого Број на гласови % на гласови Пратеници +/- (во споредба со пред распуштањето)ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Обединета партија за еманципација, Партија на правдата, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за интеграција на Ромите, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, Трајно македонско радикално обединување, Нова либерална партија, Народно движење за Македонија, ВМРО-ДП, ВМРО-Об, Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин, Македонска алијанса, ВМРО - Македонска 50п 438.138 38,98 56 7Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска иднина, Либерална партија на Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите, Нова алтернатива, Сојуз на Титови леви сили, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Партија на слободни демократи, Партија на пензионерите на Република Македонија и Санџачка лига 50п 368.496 32,78 42 18Демократска унија за интеграција 50п 115.092 10,24 15 3Демократска партија на Албанците 50п 66.315 5,90 8 3Национална демократска преродба 50п 29.996 2,67 2 2Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија 50п 28.217 2,51 0 0Нова демократија 50п 19.958 1,78 04Обединети за Македонија 50п 17.081 1,52 0 0Либерално-демократска партија 50п 16.551 1,47 0 4Достоинство 50п 8.837 0,79 0 0Демократска унија на Албанците 50п 4.517 0,40 0 0Партија на обединети демократи на Македонија 50п 4.395 0,39 0 0Социјалдемократска унија 50п 2.270 0,20 0 0Социјалдемократска партија на Македонија 50п 1.807 0,16 0 0 Демократска десница 50п 1.517 0,13 0 0Национална демократска унија 50п 470 0,04 0 0Партија за демократски просперитет 50п 277 0,02 0 0Европска партија на Македонија 50п 130 0,01 0 0Вкупен одзив 63,5% 1.124.064 100 123 3

Извор: Државна изборна комисија

Освоени мандати по политички партии Иако мандати на изборите добија само 5 политички субјекти (две изборни коалиции и три политички партии), поради големината на коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во Собранието на Република Македонија свои пратеници добија 19 партии, а два пратеници влегоа во Собранието како независни. Од 19-те политички партии кои влегоа во Собранието, 11 добија по 1 пратеник.

Распределбата на мандатите по партии е следната:Собрание на Република Македонија, Пратенички состав 2011-2014

Партија/коалицијаМандати +/-Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕВМРО ДПМНЕ47 6Социјалистичка партија на Македонија3 Демократски сојуз1 Демократска обнова на Македонија1 Странка на демократска акција на Македонија1 Демократска партија на Турците на Македонија1 Демократска партија на Србите во Македонија1 ВМРО - Македонска1 Коалиција предводена од СДСМСоцијалдемократски сојуз на Македонија29 11Нова социјалдемократска партија4 1Партија за европска иднина3 2Либерална партија на Македонија1 Движење за национално единство на Турците во Македонија1 1Партија за целосна еманципација на Ромите1 1Српска напредна странка во Македонија1 1Независни пратеници2 2Демократска унија за интеграцијаДемократска унија за интеграција14 4Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија1 1Демократска партија на Албанците8 3Национална демократска преродба2 2Вкупно123 3

Освоени мандати по изборни единици Резултати по изборни единици Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА НДП Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % ИЕ 174,10237.49% 69,429 35.12% 19,405 9.82% 10,295 5.21% 5,053 2.56% ИЕ 2 66,450 36.55% 53,374 29.36% 24,273 13.35% 12,073 6.64% 3,923 2.16% ИЕ 3 102,430 50.72% 73,349 36.32% 6,232 3.09%4520.22% ИЕ 4 102,918 49.72% 89,516 43.25% ИЕ 5 70,019 38.65% 64,984 35.87% 14,992 8.27% 7,529 4.16% 3,660 2.02% ИЕ 6 22,219 14.38% 17,844 11.55% 50,190 32.49% 35,966 23.28% 17,360 11.24%Вкупно438,13838.98368,49632.78115,09210.2466,3155.9029,9962.67 Извор: ДИК

Распределба на мандатите Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАНДП ВкупноИЕ 19821020ИЕ 29731020ИЕ 312800020ИЕ 411900020ИЕ 59821020ИЕ 63285220ИЕ 7100001ИЕ 8100001ИЕ 9100001Вкупно56421582123Извор: ДИКhttps://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view

Реакции Генералната оценка на некои од невладините организации кои го набљудувале гласањето била дека изборниот процес поминал мирно и демократски. Американскиот амбасадор Филип Рикер и евроамбасадорот Петер Соренсен за време на гласањето изјавиле дека од тоа што можеле да го видат на терен изборите се одвивале во најдобар ред.

Околу 60 граѓани пријавиле нерегуларности за време на изборниот ден до канцеларијата на Народниот правобранител. Најголем дел од поплаките се од граѓани кои не можеле да го најдат избирачкото место, но имало и пријави за притисоци и заплашувања.

Наводи

Надворешни врски Државна изборна комисија: Предвремени парламентарни избори 2011 - Резултати Собрание на Република Македонија, Избори 2011 Мојот избор 2011

2011 Категорија:Македонија во 2011 година