мини|десно|300п|Модел на Сончевиот Систем со Сонцето, внатрешните планети, астероидниот појас, надворешните планети и комета мини|десно|250п|Уметнички приказ на еден квазар Астрономско тело — природен физички ентитет, група и склоп во вселената. Поимот „астрономски објект“ напати се среќава како синоним на „астрономско тело“. Астрономското тело е поединечен целовит ентитет кој е целовит поради силата на гравитацијата (и понекогаш електромагнетизмот). Вакви примери се астероидите, месечините, планетите и ѕвездите. Астрономските тела се гравитациски сврзани ентитети што имаат дадена положба во просторот, но може да бидат составени од повеќе независни астрономски тела или тела. Овие тела можат да бидат поединечни планети, ѕвездени јата, маглини или цели галаксии. Кометата може да се нарече тело поради тоа што има замрзнато јадро од мраз и прашина, или да се нарече објект кога мислиме цврстиот дел заедно со дифузната кома и опашката. Во потесна смисла, поимите „астрономски објект“ и „астрономско тело“ се разликуваат од поимите „небесен објект“ и „небесно тело“ само по тоа што во второспоменатите не спаѓа Земјата. Во поширока смисла пак, овие поими може да се сметаат за синоними, и многу извори не ја прават оваа разлика бидејќи ја сметаат Земјата за небесно тело.
Вселената има хиерархиски состав. Во поголем размер, основен дел на составот претставува галаксијата, која е составена од џуџести галаксии. Галаксиите се групираат во групи и јата, честопати во поголеми суперјата кои се протегаат долж големи нишки помеѓу празнини, образувајќи мрежа што ја опфаќа метагалаксијата. Галаксиите и џуџестите галаксии имаат различни морфологии, и облиците зависат од нивното образување и развојна историја, вклучувајќи заемодејства со други галаксии. Зависно од нејзината категорија, галаксијата може да има едно или повеќеѕѕ карактеристични елементи како спирални краци, ореол и јадро. Највеќето галаксии во јадрото имаат супермасивна црна дупка, што може да предизвика активно галактичко јадро. Галаксиите имаат и свои придружници во обик на џуџести галаксии и збиени јата.
Составните делови на галаксијата се образуваат од гасовита материја што се насобира по пат на гравитациско самопривлекување, и тоа на хиерархиски начин. Вака добиените основни делови се ѕвездите, кои пак се насобрани во јата од разните маглини што се згуснуваат. Големата разноликост на ѕвездените облици се должи на разликите во масата, составот и развојниот степен на ѕвездата. Ѕвездите се среќаваат и во повеќеѕвездени системи што се вртат еден околу друг по хиерархиски систем. Од протопланетарни дискови што ги опкружуваат новосоздадените ѕвезди може да се образува планетарен систем со придружни елементи како астероиди, комети и отпаден материјал по пат на хиерархиско натрупување.
Астрономски тела На табелава се наведени општите категории на тела по место и состав.
Сончев Систем тела вон Сончевиот Систем Прости тела Сложени тела Просторни тела Сонце Планетарен систем Планети Меркур Венера Земја Месечина 3753 Криње Марс месечини Јупитер месечини Сатурн месечини Уран месечини Нептун месечини Џуџести планети Плутон месечини Ерида Дисномија Церера Макемаке Хаумеја месечини Астероиди Вулканоиди Апохели (атири) Близуземски астероиди Арџуни Атони Аполони Амори Марсови пресекувачи Астероиден појас Унгарии Фокеи Ниси Алинди Хилди Палади Марии Крониди Еоси Темиди Грикви Кибели Туле Веста Тројански астероиди Марсови тројанци Јупитерови тројанци Нептунови тројанци Надворешни пресекувачи Дамолкоиди Кентаури Заднептунци Кајперов Појас Плутина Кубевана Тутина тела од Расеаниот Диск Сенда Комети Ортов Облак Метеороиди Метеори Метеорски дождови Вонсончеви планети (вонсончеви планети) Врели јупитери Ексцентрични јупитери Пулсарски планети Врели нептуни / Суперземји Преминувачки планети Сираци / Самотни планети Хипотетички видови на планети Хтонски планети Океански планети Тројански планети Кафеави џуџиња Ѕвезди од типот L Ѕвезди од типот T Кафеави подџуџиња Ѕвезди од спектрален тип Сини ѕвезди (тип O) Синобели ѕвезди (тип B) Бели ѕвезди (тип A) Жолтобели ѕвезди (тип F) Жолти ѕвезди (тип G) Портокалови ѕвезди (тип K) Црвени ѕвезди (тип M) Посебни ѕвезди (необични) Јаглеродни ѕвезди Ѕвезди од типот S Обвивни ѕвезди Волф-Рајеови ѕвезди Ap и Bp ѕвезди Am-ѕвезди Бариумски ѕвезди Ѕвезди од P Лебед Сини заостанати ѕвезди Ѕвезди по сјајносна класа Подџуџести ѕвезди Џуџести ѕвезди (Главна низа) Подџиновски ѕвезди Џиновски ѕвезди Сјајни џинови Суперџинови Хиперџинови Ѕвезди по население Ѕвезди од населението III Ѕвезди од населението II Ореолски ѕвезди Ѕвезди од дебел диск Ѕвезди од населението I Ѕвезди по ѕвезден развој Протоѕвезди Млади ѕвездени тела Ѕвезда од Главната низа Црвени џинови Црвени суперџинови Сини суперџинови Волф-Рајеови ѕвезди Бели џуџиња Неутронски ѕвезди Променливи ѕвезди Самопроменливи Пулсирачки променливи Кефеиди Променливи од W Девица Променливи од Делта Штит Променливи од RR Лира Мириди Полуправилни променливи Неправилни променливи Променливи од Бета Кефеј Променливи од Алфа Лебед Променливи од RV Бик Еруптивни променливи Блескави ѕвезди Променливи од T Бик Променливи од FU Орион Променливи од Јужна Круна Сјајни сини променливи Катаклизмични променливи Симбиотични променливи Џуџести нови Нови Супернови Супернови од типот I Супернови од типот II Хипотетички Колапсари (Хипернови) Променливи од влијание Вртливи променливи Тип Алфа2 Ловечки Кучиња Вртливи елипсоидни променливи Замрачувачки двојни ѕвезди Алголски ѕвезди, Алгол Тип Бета Лира Тип W Голема Мечка Компактни ѕвезди Бели џуџиња Црни џуџиња Неутронски ѕвезди Магнетари Пулсари Хипотетички ѕвезди Кваркови ѕвезди Преонски ѕвезди Црни дупки Средномасивни црни дупки Супермасивни црни дупки Гама-изблици Планетарни системи Ѕвездени системи Единечни ѕвездени системи Сончеви системи Повеќеѕвездени системи Двојни ѕвезди По набљудување: Оптички Визуелни Астрометриски Спектроскопски Замрачувачки Блиски двојни ѕвезди Одвоени Полуодвоени Контактни Неразложени Рендгенски Рендгенски распрскувачи Тројни ѕвезди Ѕвездени збирови Ѕвездени јата Ѕвездени здружувања Расеани јата Збиени јата Хиперкомпактен систем Соѕвездија Астеризми Делови на галаксии Галактички испакнатини Галактички прегради Галактички прстени Спирални краци Тенки дискови Дебели дискови Галактички ореоли Галактички корони Галаксии Галаксии по морфологија Спирални Пречкести спирални Леќести Елиптични Прстенести Неправилни Галаксии по големина Најсјајни во јатото Џиновски елиптични Џуџести Активни Квазари Блазари Радиогалаксии Сејфертови Ѕвездородни Темни Галактички групи Галактички јата Суперјата Нишки / Празнини Околуѕвездена материја Насобирачки дискови Меѓупланетарна средина Протопланетарни дискови Меѓуѕвездена средина Маглини Оддавни маглини Планетарни маглини Остатоци од супернови Плериони подрачја H II Отсјајни маглини Темни маглини Молекуларни облаци Бокови глобули Проплиди подрачја H I Меѓугалактичка средина Вселенско позадинско зрачење Темна материја MACHO WIMP Хипотетички Вселенска жица Доменски ѕид
Астрономските тела како мотив во уметноста Астрономските тела како мотив во книжевноста „Ноќта на црвените ѕвезди“ (Noć crvenih zvijezda) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1914 година.Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 150. „Брашно и ѕвезди“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013. „Соѕвездија“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1959 година.„Андре Бретон (био-библиографски летопис)“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 103. „Ѕвезди“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 49-55. „По ѕвездите“ (За звездама) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 42-43. „Плејади“ - песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 58. „Метеорити“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.Italo Kalvino, Nove kosmikomike. Beograd: Rad, 1999, стр. 26-35. „Светлината на згаснатата ѕвезда“ - книга на бразилскиот писател Жозуе Монтело од 1948 година.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279. „Ѕвездена наметка - Астролошки водич за неупатените“ (Звездани плашт - Астолошки водич за неупуҺене) - роман на српскиот писател Милорад Павиќ од 2000 година.„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121. „Големата кола“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70. „Облак и ѕвезда“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 31. „Првата ѕвезда“ (Прва звезда) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 46-51. „Земско соѕвездие“ (Земаљско сазвежђе) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 161. „Ѕвезди над Рајската градина“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1929 година.„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94. „Момчето и ѕвездите“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1956 година. „Разговор со ѕвездата“ - песна на полскиот поет Антони Слонимски.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 50-51. „Ѕвезда“ - песна на руската поетеса Вероника Тушнова.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 234. „Хермес, кучето и ѕвездата“ - песна во проза од истоимената збирка на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 22. „Татковците на ѕвездите“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 271. „Оние кои паѓаат од небото“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 133. „Комета“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 36-64.
Астрономските тела како мотив во популарната музика „Ѕвезда спуштена“ - песна на македонската група „Баклава“ од 2008 година.Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008. „1000 ѕвезди“ (1000 stars) - песна на британската рок-група „Биг кантри“ (Big Country) од 1983 година.YouTube, Big Country - 1000 Stars (пристапено на 8.2.2017) „Голема ѕвезда“ (Big Star) - американска поп-група.All Music, Big Star (посетено на 7.2.2016) „Паѓаат ѕвезди“ (Padaju zvijezde) - песна на југословенската рок-група „Бјело Дугме“ (Bijelo Dugme) од 1984 година.YouTube, Bijelo Dugme - Padaju Zvijezde (пристапено на 31.1.2019) „Најубавата ѕвезда“ (The prettiest star) - песна на англискиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1973 година.DISCOGS, David Bowie – Aladdin Sane (пристапено на 18.4.2020) „Црна ѕвезда“ (Blackstar) - песна од истоимениот албум на англискиот пејач Дејвид Боуви (David Bowie) од 2016 година.YouTube, David Bowie- Blackstar (Full album) (пристапено на 29.5.2017) „Ѕвезди“ (Stars) - песна на американската пејачка Лиса Германо (Lisa Germano).YouTube, Lisa Germano - Stars (пристапено на 24.12.2016) „Малата ѕвезда од Витлеем“ (Little star of Bethlehem) - песна на германската рок-група „Кен“ (Can) од 1968 година.YouTube, Little Star of Bethlehem - CAN (пристапено на 12.11.2016)