мини|Размерен модел на Сончевиот Систем од 10 милијарди до 1 Гигаметар (симбол Гм или Gm) е единица мерка за должина еднаква на милијарда метри или 1.000.000 км.
Оваа единица не наоѓа примена во практичниот живот бидејќи е преголема за да може да изрази било која величина на Земјата. Најзастапена е во астрономијата, кајшто се користи за изразување на растојанието на придружни небесни тела како планетите од нивните матични ѕвезди.
Примери
Една астрономска единица (ае или ае) или просечното растојание од Земјата од сонцето 149,6 Гм. Просечната оддалеченост на Јупитер од Сонцето изнесува 778,5 Гм. Просечната оддалеченост на GJ 1214 b од ѕвездата GJ 1214 изнесува 2,14 Гм, што е најмалата позната орбита на една вонсончева планета. Средниот пречник на Сонцето изнесува 1,391 Гм. Средниот пречник на црвената суперџиновска ѕвезда Бетелгез изнесува 1302 Гм.
Поврзано SI SI-претставка Светлосна година Парсек
Наводи
Категорија:Единици за должина Категорија:Астрономски мерни единици