Општина Ново Село — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село.
Географија
мини|лево|260px|Карта на општината.
Границите на Општина Ново Село на исток допираат до државната граница на Македонија со Бугарија (со Општина Петрич), а на југ до државната граница на Македонија со Грција (со општините Кукуш и Синтика), притоа опфаќајќи ја тромеѓата меѓу овие три држави. Во рамките на Република Македонија, Општина Ново Село на запад граничи пак со општините Струмица и Босилово, а на север и со Општина Берово.
Население
мини|десно|260px|Демографска карта на општината според пописот од 2002 година.
Општина Ново Село има вкупно население од 11.567 жители според податоците од пописот од 2002 година.
Општината опфаќа 16 населени места (по азбучен ред): Бадолен Бајково Барбарево Борисово Дражево Зубово Колешино Мокриево Мокрино Ново Коњарево Ново Село Самоилово Смолари Старо Коњарево Стиник Сушица
Општината има густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.
Македонците се најбројна етничка група во општината според пописот од 2002 година:
Народ Жители Македонци 11.509 Роми 3 Срби 25Бошњаци2останати28
Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следните јазици: Јазик Говорници македонски 11.509српски33 турски 4 ромски 3влашки1останати17
Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следните религии: Вероисповед Вкупно православни 11.292 муслимани 8протестанти17останати250
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.
Иселеништво Поголеми групи на иселеништво од оваа општина има во Италија (Пјаченца), Швајцарија (Тичино, Во, Фирбур, Аргау, Гларус) и Германија (Херсфелд-Ротенбург).
Наводи
Надворешни врски
Општина Ново Село во „АБВ - деловен именик“ Официјално мрежно место место на општината
Категорија:Тромеѓи Категорија:Југоисточен Регион