Едвин Остин Аби (-) — американски уметник, илустратор, и сликар. Најпознат е по своите графици на сликите за Шекспировите ликови во викторијанските времиња. Неговото најпознато дело е Светиот Грал, кое што сега е изложено во библиотеката во Бостон.
Едвин Остин Аби е роден во Филаделфија, Пенсилванија, каде што потоа се сели во Англија во 1878 година. Аби станува полноправен член на кралската академија на уметонсти во 1898. Во 1902 година е избран да наслика слика со тема Крунисувањето на Едвард VII. Тоа дело станува официјална слика на настанот и денес е изложена во Бакингемската палата. Во 1907 година, одбива да го поврати своето државјанство како американски граѓанин. Тој имал многу добри пријателства со американските сликари како што се: Џон Сингер Санџер и Франк Милет.
Завршува мурали во Бостонската јавна библиотека во 1890-те. Од 1908-1909, Аби слика повеќе мурали и остварува повеќе уметнички дела во Пенсилванија. Повеќето теми за зградите биле алегорични и претставувале симболи на Науката, Уметноста, Правдата и Религијата.
Наскоро Аби е избран за Националната Академија за дизајн и Американската академија на уметонсти. Во 1937 година, Универзитетот Јеил во САД станува дом за многу од неговите значајни дела.
Делата на Едвин Остин Аби
Надворешни врски
Биографија Едвина Остина Абија
Категорија:Американски сликари Категорија:Витези на Легијата на честа