Манастир — археолошко наоѓалиште во дебарското село Житинени. Претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, во приватна нива на селанец од селото Мал Папрадник, која лежи на левиот брег на Житиненска Река, каде се гледаат остатоци од темели на еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. Над наоѓалиштето конусно се издига височинка со доминантна положба, на која има многу кршен камен и друг градежен материјал, што упатува на можни траги од фортификација.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Црков — средновековна некропола; Чифлик — доцноантичка и средновековна населба; Житинени; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Житинени Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола