Бановци е село во источниот дел на Хрватска, близу до границата со Србија. Може да се стигне до него преку автопатот Д46. Селото е 115 километри оддалечено од Белград (Србија), 157 километри од Сараево (Босна и Херцеговина), 249 километри од Загреб (Хрватска) и 257 километрти од Будимпешта (Унгарија). Административно е дел од општината Нијемци. Населението брои 479 жители (2001).
Селото Бановци порано се викало Нови Бановци (од 1900-тата), и Шидски Бановци од 1910 до 1991. Локалната популација сѐ уште го нарекува селото Шидски Бановци. Првиот збор е посесивна придавка изведена од најблискиот град Шид, сместен 12 километри од Бановци во соседна Србија.
Категорија:Села во Хрватска Категорија:Срем