Општина Вранештица — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Вранештица. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба во 2013 г. кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.

Територијата на Општина Вранештица е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово на југ и запад, Општина Кичево на запад, Општина Македонски Брод и Општина Осломеј на север и Општина Македонски Брод и Општина Пласница на исток.

Географија Општина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 109.13 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.

Стопанство Вранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.

Иселеништво Населените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.

Демографија Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниотПопис на населението во Македонија, 2002:

етникум број процент Македонци*1.033 78.14% Турци*276 20.88% Албанци10 0.76%Срби20.15% други1 0.07%

* Во општината има Македонци муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија:

јазик број македонски1.068 албански10 турски239српски2бошњачки2 други1

Религија на населението според пописот од 2002 година:

религија број православие1.033 ислам287 други2

Администрација и политика Последен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината.

Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци.

Општествени установи Црква „Св. Димитриј“ - Атишта - црквата е посветена на св. Димитрија, во која интересен е фактот дека само тука се сретнуваат икони кои ги нема низ другите цркви низ Македонија. Црква „Св. Антониј“ - Бигор Доленци - црква од 1865 година Црква „Св. Петка“ - Бигор Доленци - црква од 1858 година

Културни и природни знаменитости Св. Антониј - археолошко наоѓалиште, населба од бронзеното времеКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште - средновековна населба и некропола; Кале - утврдување од доцноантичкото време; Св. Ѓорѓи - црква и некропола од доцниот среден век; Св. Илија - црква и некропола од доцниот среден век;

Личности Петар Илиевски — македонски јазичар и академик. Тома Николов — македонски свештеник. Ванчо Србаков — македонски револуционер Димо Калевски — македонски револуционер Евгени Попсимеонов — македонски револуционер Никола Трајков — македонски револуционер Софрониј Пречистански — македонски духовник Трајко Ковачев — македонски револуционер Христо Србаков — македонски револуционер Јане Скаев — македонски револуционер

Наводи

Поврзано

Југозападен Регион Општини во Македонија Кичево Вранештица

Надворешни врски Општина Вранештица во „АБВ - деловен именик“ Општина Вранештица на „Златна Книга“ Општина Вранештица на mojsovetnik.org.mk

* Вранештица