Лазо Ангеловски ( во , Леринско — во Лерин) ― деец на македонското национално движење. Еден од организаторите на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Отворил 87 македонски училишта во коишто учеле 10.000 ученици.
Животопис Лазо Ангеловски е роден на 10 август 1925 година во селото Граждано, Егејскиот дел на Македонија, во сиромашно печалбарско семејство. Татко му Филип по вторпат во 1927 година, бил принуден да се преселил во Соединетите Држави и на тој начин ги одбегнал владините грчки обвинувања за членувањето во Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО), која делувала и во Соединетите Држави. Завршил основно и средно образование на грчки.
Уште како ученик на средното училиште во Лерин, постојано бил исмеван од наставниците кои го нарекувале „Бугарин“ или „Незнамис“ („Г-дин Не знам“). Ваквиот однос, како и секојдневниот терор кој грчките власти го спроведуваа врз македонскиот народ и другите малцинства, ќе го привлечат него кон младинската организација на Македонското биро ОКНЕ, која во февруари 1943 година се обединува со другите прогресивни младински организации во ЕПОН (Национална панеленистичка организација на младите).
Во редовите на Организацијата, младиот Лазо се издигнал во прав деец на македонското национално движење. Како член на Комисија на ОКНЕ, Лазо активно учествува во организирањето на младите во родното место за време на нацистичката окупација.
Дејствувањето на Лазо Ангеловски било откриено од грчките власти, по што бил избркан од училиштето. Сепак, тој успеал да го продолжи учењето и да ја заврши гимназијата како еден од најдобрите ученици. Лазо за една година ги совладувал предметите кои со наставната програма биле предвидени за две години.
Заложби за Македонците во време на грчката граѓанска војна По започнувањето на Граѓанската војна во Грција (30 март 1946), Лазо Ангеловски за да му помогне на својот народ, доброволно се вратил во Егејскиот дел на Македонија кон крајот на 1946 година. Во 1947 година бил избран да ја врши функцијата секретар на Окружниот одбор на народната власт во Леринско. Истовремено тој му се посветува на просветната дејност.
Како искусен педагог, кој добро го владее македонскиот и грчкиот јазик. На Лазо Ангеловски му било доверено на слободната територија со други соработници да организира курс на македонски јазик за народните учители. Така тој станал еден од првите обучувачи на учителскиот курс „Гоце Делчев“ кој се одвивал во село Герман и Желево, Преспанско. По завршувањето на курсот на кој се обучени 120 македонски и 40 грчки учители, Лазо отворил 87 македонски училишта во коишто учеле 10.000 ученици, а потоа ја извршувал задачата на просветен инспектор.
Сериозен во својата работа, Лазо Ангеловски кој тргнувал од мотото дека „Сите македонски деца мора да бидат во можност да научат да читаат и пишуваат на својот мајчин јазик“, одел од село во село и со младешки жар неуморно работел на искоренување на неписменоста. Меѓутоа, во почетокот на 1948 година наставата била прекината поради интензивни бомбардирања од страна на војската на грчката монархофашистичка војска. Набргу потоа била донесена одлука за евакуација на децата, а Лазо бил назначен за главен координатор.
Свесен дека одговорот на грчкиот национализам лежи во образованието на мајчин јазик, во 1944 година, Лазо заминал во Битола, каде завршил учителски курс по македонски јазик. По завршувањето на курсот бил назначен за народен учител во село Брајчино, а подоцна, со решение на Министерството за просвета на НР Македонија, бил назначен за управник во Смилевската гимназија.
Во 1946 година, Лазо Ангеловски работи во Министерството за просвета во Скопје, а истата година бил назначен и за управник на детскиот дом “Мерџан“ во Тетово. Исто така го води и Домот за деца без родители во Скопје.
Политичката и воена организација на Македонците од Егејска Македонија, Народно ослободителниот фронт (НОФ), одигра голема улога во евакуацијата и спасувањето на децата. По донесувањето на одлуката за доброволно заминување на малолетните деца, Организацијата формира посебни комисии под раководство на главниот инспектор за македонските учители Лазо Ангеловски. Пријавувањето на децата траело до крајот на февруари 1948 година, а по нивното испраќање преку границата, Лазо останал за да се бори со својот народ.
Лазо неуморно дејствуваше политички и надвор од слободната територија на ДАГ. Најмногу во костурските и во леринските села.
Измачување и негово убиство Престојот во селото Буф, каде што се сместил во куќата на Аврам, се поврзува со неговото убиство. Таму Лазо се сретнал со членовите на Народниот одбор и со младинските активисти. По кратко пешачење низ селската шума на Буф, се слушнале извици: "Алт" ("Стој")! Па, потоа се слушнале истрели. Лазо бил ранет во левата нога. Тој со тешки маки се довлечкал до местото Бела Вода, каде што во обидот да се напие вода бил фатен од грчките војници. При испитувањето бил неизмерно храбар, никого не предал. На прашање на истражниот орган, Лазо одговорил: "Ако ме обвинувате за предавство на грчкиот народ, треба да знаете дека мене како Македонец со тој народ ме поврзува заедничката борба што ја водиме против грчката монархија". А, на прашањето за децата, Лазо му одговорил: "Не грижете се за нив. Тие се безбедни, повеќе не умираат од глад и не страдаат од вашите бомбардирања".
Претсмртното писмо на Лазо Ангеловски Еден ден пред да биде погубен, Лазо како да знаел што го чека и испратил писмо до неговиот чичко Атанас. Неговото писмо го изнел и предал на чичко му, еден затвореник од селото Герман.По ѕверските мачења, на 19 август 1948 година бил врзан за џип и влечен по улиците на Лерин, по што починал.
Во чест на Лазо Ангеловски За неговата неуморна просветна дејност, во Скопје е изградено големо и модерно основно училиште кое гордо го носи неговото име.
Поврзано
ОУ „Лазо Ангеловски“ - Аеродром
Наводи
Надворешни врски
Последно Збогум - Лазо Ангеловски — Видео документарец за животот и делото на Лазар Ангеловски Лазо Ангеловски — животопис на Лазар Ангеловски
Категорија:Луѓе од Граждано Категорија:Починати во Лерин Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Македонски партизани