Берлин () — главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера.

Првите податоци за градот потекнуваат од XIII век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија (1701 — 1918), на Германското Царство (1871 — 1918), на Вајмарската Република (1919 — 1933) и на Третиот Рајх (1933 — 1945). Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трето градско подрачје по големина во светот. По Втората светска војна градот бил поделен. Источен Берлин станал главен град на Источна Германија, додека Западен Берлин, со Берлинскиот ѕид (1961 — 1989), всушност бил опкружен од странска земја т.е. од Источна Германија. По Германското обединување во 1990 година, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домаќин на 147 странски амбасади.

Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката. See also: Неговата економија првенствено се заснова на услужниот сектор и опфаќа разновиден спектар на креативни индустрии, медиумски корпорации, конгресни и конвенциски центри. Берлин претставува континентален центар за воздушениот и железничкиот сообраќај, и еден од најпосетените туристички центри во ЕУ. Значајни индустриски гранки во градот се: информатичката технологија, фармацевтското производство, биомедицинското инженерство, биотехнологијата, оптоелектрониката, сообраќајното инженерство и обновливата енергија.

Метрополата е дом на светски реномирани универзитети, истражувачки институти, спортски настани, оркестри, музеи, а во неа живеат и многу познати личности. Со своето урбаното и историско наследство, градот ги привлекува и меѓународните филмски продукции. Берлин е познат по своите фестивали, разновидната архитектура, ноќниот живот, современата уметност, јавната сообраќајна мрежа како и по високиот квалитет на живеење. Либералниот начин на живеење и модерниот дух на времето ги привлекува младите луѓе и уметниците од целиот свет. See also: and

Историја

Етимологија Берлин се наоѓа во североисточна Германија. Голем дел од имињата на градовите и селата во североисточна Германија имаат словенско потекло. Типично се германизирани со додавање на суфиксите и , или префиксите и . Името Берлин потекнува од јазикот на Западните Словени, и се претпоставува дека може да е поврзан со збор од стариот полапски јазик чиј корен е berl-/birl- („мочуриште“).

Од дванаесетте берлински окрузи, пет носат име кое има словенско потекло: Панков, Штеглиц-Целендорф, Марцан-Хелерсдорф, Трептов-Кепеник, и Шпандау. Од деведесет и шест берлински населби, дваесет и две носат имиња со словенско потекло: Алтглинике, Алт-Трептов, Бриц, Бух, Буков, Гатов, Каров, Кладов, Кепеник, Ланквиц, Либарс, Малхов, Марцан, Панков, Пренцлауер Берг, Рудов, Шмеквиц, Шпандау, Приградска населба Малхов, Штеглиц, Тегел и Целендорф.

Од XII век до XVI век thumb|десно|Карта на Берлин во 1688 година

Најраниот доказ за населување на централните области на денешен Берлин е дрвена греда која датира од околу 1192 година. Првите пишувани податоци за градови, кои се наоѓале во областа на денешен Берлин датираат од крајот на 12 век. За населувањето на Шпандау првпат се споменува во 1197 година, а за Кепеник во 1209 година, иако овие области не биле споени со Берлин до 1920 година. Историјата на централниот дел на Берлин може да се разгледува преку историјата на два града и тоа: Колн (Cölln) на Фишеринзел (Fischerinsel), за првпат се споменува во документ во 1237 година, и Берлин на Шпрее, областа што сега се нарекува Николајфиртел (Nikolaiviertel), а за првпат се споменува во документ од 1244 година. Се смета дека градот бил основан во 1237 година. Уште од почетокот, двата града претставувале економска и социјална заедница. Во 1307 година, двата града биле политички обединети. Со текот на времето, споените градови станале познати под името Берлин.

Во 1435 година, Фридрих I станал изборен кнез на Маркгрофовство на Бранденбург и владеел до 1440 година. Неговиот наследник, Фридрих II, определил Берлин да биде главен град на маркгрофовијата, а наредните членови на семејството Хоенцолерн (Hohenzollern) владееле во Берлин до 1918 година, прво како изборни кнезови на Бранденбург, потоа како кралеви на Прусија и на крајот како германски цареви. Во 1448 година граѓаните со „берлинска огорченост“ се побуниле против намерата на Фридрих II да се изгради нова кралска палата. Сепак, овој протест не бил успешен и народот изгубил многу од своите политички и економски привилегии. Во 1451 година, Берлин станал царска резиденција на бранденбуршките кнезови и морал да се откаже од својот статус како слободен ханзански град. Во 1539 година, изборните кнезови и градот официјално станале лутерански.

Од XVII век до XIX век

thumb|300px|лево|Палата Монбижу thumb|upright|Фридрих Велики (1712 — 1786) thumb|right

Триесетгодишната војна од 1618 до 1648 година имала катастрофални последици за Берлин. Една третина од куќите биле оштетени, а градот изгубил половина од своето население. Фридрих Вилхелм, наследник на својот татко Георг Вилхелм, бил познат како „големиот изборен кнез“ и тој вовел политика на промовирање на имиграцијата и верската толеранција. Со Потсдамскиот едикт во 1685 година, Фридрих Вилхелм им понудил азил на француските хугеноти. Повеќе од 15.000 хугеноти отишле во Бранденбург, од кои 6.000 се населиле во Берлин. До 1700 година, околу 20 % од жителите на Берлин биле Французи и нивното културно влијание врз градот било огромно. Уште многу други имигранти дошле од Бохемија, Полска и Салцбург.

thumb|лево|Берлин станал главен град на Германското Царство во 1871 година

Со крунисувањето на Фридрих I во 1701 година (во Кенигсберг), Берлин станал главен град на Кралството Прусија (наместо Кенигсберг); тоа било успешен обид главниот град да се централизира во распространетото Пруско кралство и оттогаш, за првпат, градот почнал да се проширува. Во 1740 годиа, Фридрих II, познат како Фридрих Велики (1740 — 1786) дошол на власт. За време на владеењето на Фридрих II, Берлин станал центар на просветителството. По победата на Франција во војната на четвртата коалицијата, во 1806 година, Наполеон Бонапарт навлегол во Берлин. Во 1815 годиа, градот станал дел од новата провинција Бранденбург.

Во текот на XIX век, индустриската револуција го променила Берлин; економијата и населението на градот драстично се прошириле и тој станал железнички и економски центар во Германија. Наскоро се развиле и други предградија, со што се зголемиле површината и населението на Берлин. Во 1861 година, одвоените населби, како што се Вединг, Моабит и други биле споени со Берлин. Во 1871 година, Берлин станал главен град на новосоздадената Германското Царство. На 1 април 1881 година, тој станал градска област одвоена од Бранденбург.

XX век

thumb|Берлин по Втората светска војна

Во 1918 година, на крајот од Првата светска војна, во Берлин била прогласена Вајмарската Република. Во 1920 година, со актот за Голем Берлин, кон градот биле приклучени десетици предградија, села и имоти околу Берлин со што се проширил градот. Во новата површина на градот биле опфатени Шпандау и Шарлотенберг на запад, како и некои други области кои сега се големи окрузи. По ова проширување, Берлин имал население од околу четири милиони жители. За време на Вајмарската Република, Берлин станал меѓународно познат како центар на културни промени.

На 30 јануари 1933 година, Адолф Хитлер и Нацистичката партија дошле на власт. Нацистичката власт ја уништила еврејската заедница во Берлин, која пред 1933 година броела 170.000 луѓе. По Кристалната ноќ во 1938 година, илјадници германски Евреи од Берлин биле затворени во блискиот концентрационен логор Заксенхаузен или, во почетокот на 1943 година, биле испратени во логорите на смртта, како што е Аушвиц. За време на Втората светска војна, голем дел од Берлин бил уништен во воздушните напади во 1943-1945 година. Градот бил опустошен и во текот на Битката за Берлин, кога стотици илјади луѓе загинале, од кои околу 125.000 биле цивили. По крајот на војната во Европа во 1945 година, во Берлин се населиле голем број бегалци од источните провинции. Победничките сили го поделиле градот на четири дела, соодветно на окупационите зони на кои била поделена Германија. Западните сојузници (САД, Велика Британија и Франција) го формирале Западен Берлин, додека Советскиот Сојуз го формирал Источен Берлин.

thumb|left|Берлинскиот ѕид во 1986 година.

Сите четири сојузници имале подеднаква одговорност за Берлин. Меѓутоа, во 1948 година, кога Западните сојузници ја прошириле валутната реформа во западената зона на Германија односно во трите делови на Западен Берлин, Советскиот Сојуз вовел блокада на пристапните патишта кон и од Западен Берлин, кој целосно се простирал во внатрешноста на територијата што ја контролирал Советскиот Сојуз. Сојузниците успешно ги совладале блокадите со помош на Берлинскиот воздушниот мост, со кој, од 24 јуни 1948 година до 11 мај 1949 година, по воздушен пат доставувале храна и други резерви до градот. Во 1949 година, во Западна Германија била основана Сојузна Република Германија и во неа биле вклучени сите американски, англиски и француски зони, освен трите зони во Берлин, додека во Источна Германија била прогласена марксистичко-ленинистичката Германска Демократска Република. Западен Берлин официјално останал окупиран град. Тој издавал сопствени поштенски марки, кои честопати биле исти како западно-грманските поштенски марки, но со дополнителен збор „Берлин“. Авиокомпаниските услуги во Западен Берлин биле доделувани само на американски, британски и француски авиокомпании.

thumb|Рушењето на Берлинскиот ѕид во 1989 година

Основањето на двете германски држави ги зголемило тензиите на Студената војна. Западен Берлин бил опкружен од источногерманската територија. Сепак, Источна Германија го прогласила Источен Берлин (кој го опишала само како „Берлин“) за нејзин главен град. Тој потег не бил признат од страна на западните сили. Во меѓувреме, западната германската влада привремено била преместена во Бон.

Тензиите меѓу Истокот и Западот кулминирале со изградбата на Берлинскиот ѕид меѓу Источен и Западен Берлин, како и со изградбата на другите бариери околу Западен Берлин од страна на Источна Германија на 13 август 1961 година. Берлин бил целосно поделен. Жителите на Западен Берлин можеле да поминат од едната на другата страна само преку строго контролирани премини. Повеќето жители на Источниот дел не смееле да патуваат кон Западен Берлин или Западна Германија. Во 1971 година, договорот на четирите моќни сили гарантирал пристап од Источна Германија до Западен Берлин и со тоа завршило малтретирањето и затворањето на патишта.

На 9 ноември 1989 година, под притисок на источногерманското население, луѓето почнале слободно да го преминуваат Берлинскиот ѕид, кој веднаш потоа бил урнат. Денес има само мал дел од остатоците на ѕидот. Дел од ѕидот е зачуван во отворената галерија на источната страна во Фридрихсхајн во близина на мостот Обербаумбрике (Oberbaumbrücke) на Шпрее. Демократијата и пазарната економија ги измениле Источна Германија и Источен Берлин.

На 3 октомври 1990 година, двата дела на Германија повторно се обединиле во една држава — Сојузна Република Германија, а Берлин, според договорот за обединување, станал главен град на Германија. Во јуни 1991 година, германскиот парламент, Бундестагот, гласал Берлин да биде повторно главен град на Германија. Во 1999 година, германскиот парламент и германската влада ја започнале својата работа во Берлин.

Географија мини|десно|300п|Карта на окрузите и населбите во Берлин