Таранеш — археолошко наоѓалиште во дебарското село Селокуќи. Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време. Се наоѓа на северната периферија на селото, во маалото Таранеш, помеѓу реките Црн Дрим и Поповска Река, каде на високо зарамнето плато со форма на неправилен триаголник кое благо се спушта кон реката се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и кршен камен. Во приватна нива, во октомври 1982 година било извршено заштитно ископување при што бил откриен гроб - тип циста, во кој како гробни прилози се најдени: златна крстовидна фибула, сребрена позлатена чинија, сребрен ѓум, прибор за пишување, коскени жетони за игра, чаша дијатрета, две вретенести фиоли, железна секира и други предмети од сребро. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Најпознат артефакт во наоѓалиштето е дијатретата, која е од „келнски тип“, т.е таа е најбогато украсена.
Поврзано
Таранешка дијатрета — најпознатиот артефакт пронајден во наоѓалиштето Таранеш; Мерсуид — средновековна некропола; Мојсиева Црква — средновековна црква и некропола; Стара Црква — доцноантичка некропола; Шулон — средновековна некропола; Музлагица — неолитска населба; Селокуќи; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Надворешни врски
Дијатрета, локалитет "Таранеш", с. Селокуќи
Категорија:Селокуќи