Бехѓет ПацолиИнтервју со Паколи на албански јазик (албански:) (роден на година во Маревце) е косовски политичар и поранешен претседател на Косово.
Пред да се вклучи во политиката, тој бил претседател и генерален директор на Мабетекс, швајцарска градежна компанија, која го реконструирала Московскиот Кремљ. Тој е познат како дарител и спонзор на голем број спортски клубови на Косово.
Пацоли пред да биде избран за претседател бил водач на Алијанса за Ново Косово. Освен ова, тој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот.
Тој бил избран во третиот круг на гласање од страна на Косовското Собрание. Така, на тајното гласање во третиот круг, од присутните 67 пратеници, „за“ изборот на Пацоли се изјасниле 62 народни избраници, односно еден повеќе од неопходните 61.
На 4 април 2011 Пацоли престанал да ја врши функцијата на претседател, и таа му припаднала на Јакуп Красниќи, во својство на вршител на должноста. На 7 април 2001 на претседателското место доаѓа Атифете Јахјага, фотогашен Генерал мајор на Косовската полиција.
Наводи
Категорија:Луѓе од Приштина Категорија:Живи луѓе Категорија:Претседатели на Косово Категорија:Косовски Албанци Категорија:Косовски политичари