Кај Црквата (локално нарекуван и Киша) е археолошко наоѓалиште во гостиварското село Симница. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во непосредната близина на железничката станица од старата траса на малиот колосек, каде се гледа грамада од градежен материјал, а во непосредната близина и камени плочи од гробни конструкции. Топонимот упатува на постоење на средновековна црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Манастир — средновековна црква и некропола;

Наводи

Категорија:Симница