Слободан Милошевиќ (, — , ) — југословенски и српски политичар и правник, претседател на Република Србија во периодот 1989–1997 и подоцна претседател на Србија и Црна Гора во периодот 1997–2000.

Биографија Бил основач и претседател на Социјалистичката партија на Србија од нејзиното основање во 1990 година. Се стекнал со политичка моќ поради неговото залагање за измени на југословенскиот устав од 1974 поради маргинализацијата на Србите и немоќта да се справи со барањата за отцепување на Албанците на Косово. Ја предводел таканаречената „јогурт револуција“ со која преку масовни протести ги срушил владите на југословенските покраини Косово, Војводина, и Црна Гора, и ги заменил со свои послушници. лево|мини|Милошевиќ го потпишува Дејтонскиот договор во 1995 година во име на раководството на босанските Срби, со што формално заврши Босанската војна За време на неговото претседателствување со Србија во 1980-тите и 1990-тите уставот и законите биле променети така што им се намалила автономијата на покраините како Косово и Војводина, а политичкиот систем од еднопартиски бил заменет со повеќепартиски. По распадот на СФРЈ, српската армија, чиј врховен командант бил Милошевиќ, учествувала во војните во Хрватска, Босна и Херцеговина, и Косово. Во име на босанските Срби го потпишал Дејтонскиот договор од 1995, со кој бил ставен крај на војната во Босна. За време на бомбардирањето на СР Југославија од страна на НАТО во 1999, Милошевиќ бил обвинет од меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства, геноцид, и злосторство против човештвото за време на војните во поранешна Југославија.

Милошевиќ се повлекол по протестите од 5 октомври 2000 година, кога демострантите го обвиниле за лажирање на претседателските избори. Бил уапсен на 31 март 2001 поради сомневање за корупција, злоупотреба на службената должност, и изборен фалсификат. Поради недостиг на докази, српскиот премиер Зоран Гинѓиќ потоа го предал на Хашкиот трибунал да му се суди за воени злосторства. Процесот траел пет години, но немало пресуда бидејќи Милошевиќ починал во затворската ќелија на 11 март 2006 поради срцев удар. Оженет бил со Мирјана Марковиќ со која имал две деца, Марија и Марко.

Наводи

Надворешни врски

Стенограми од судењето Слободан Милошевиќ (ICTY)

Категорија:Српски комунисти Категорија:Српски атеисти Категорија:Политичари од Социјалистичката партија на Србија Категорија:Претседатели на Србија Категорија:Српски политичари Категорија:Југословенски политичари Категорија:Обвинети од Хашкиот трибунал Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Претседатели на Југославија Категорија:Носители на Орденот на трудот