Рудниче или Рудиште — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Железна Река. Претставува утврдена населба и топилница од доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа ва околу 4 км источно од селото, покрај шумскиот пат за Македонски Брод, каде се среќаваат остатоци од згура од топена железна руда, грамади од градежен камен и спорадично фрагменти од питоси, тегули, имбрекси и друго.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гробишта — некропола од доцноантичко време; Црквиче — средновековна црква и некропола;
Наводи
Категорија:Железна Река