Пусто Лозје — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Долна Бањица. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на околу 500 м југозападно од селото, веднаш над стариот пат за Кичево, во приватна нива, каде во 1963 година, при изведувањето на земјоделските работи биле откриени гробови од камени плочи со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гродаица — доцноантичка некропола; Црквиште — средновековна некропола.
Наводи
Категорија:Долна Бањица